
Поради повредени и позитивни од Ковид, Чави на гостување отпатува без играчи како Алба, Бускетс, Кутињо, Дембеле, Депај, Фати и Педри, но сепак успеа да победи и на дојде на -1 до четвртопласираниот Атлетико Мадрид и -2 до Бетис кој е трет.
Еден од најзаслужните за трите бода кои стратегот на Барселона ги нарече златни, е Тер Штеген кој во судиското продолжение се истакна со неверојатна интервенција како на ракомет.
Момент за кој се зборува од оваа средба е и 29-та минута во која Де Јонг испушти гол за најавни шпици, кој сигурно ќе беше избран во топ 5 на сезоната во Ла Лига.
Холандскиот напаѓач го реши мечот на крајот од првиот дел.
Ова е листата на отсутни играчи на коja може да се забележи дека и Мајорка била осакатена.