Таг: Марк Андре Тер Штеген

Тер Штеген со два кикса ја упропасти Барселона

Каталонците во 7. коло од Ла Лига и гостуваа на Маројка со која на последните 14 средби, имаат 13 победи. Синоќа одиграа 2:2 поради две голмански грешки од кои едната поради безвезно додавање во празно.

Некој има нешто против одморот на Тер Штеген?

Лоши страни: Нема море и плажа. Добри страни: УЖИВА.

Тер Штеген - човек пајак

Енис Барди и другарите, ниту со три пенали не успеаа да ја совладаат Барселона која со Чави на кормилото полуде и е во страшна серија од 15 средби без пораз. Домаќините немаа чаре за извонредниот Тер Штеген кој им фати пенал, ама и една ваква шанса која не се пропушта еден на еден. Слалом на Моралес кој ќе добиеше опис со Меси наслови.

Спектакуларната одбрана на Тер Штеген во 92-ра и ножичките на Де Јонг ала Роналдо

Со крпен состав и 16 отсутни фудбалери, Барселона освои многу важни 3 бода на гостувањето против Мајорка. Мечот го реши Лук де Јонг, а Марк Андре Тер Штеген во судиско реагираше како Арпад Штербик.

Најголемите ѕвезди кои ќе го пропуштат Европско првенство

Од 11. јуни до 11 јули ширум Европа ќе се одржи празник на фудбалот. Како што секогаш бива, така и сега големото натпреварување ќе го пропуштат и некои големи ѕвезди.

Марк Андре Тер Штеген или Штербик?

Кога ја гледате шансава од агол како првиот на видеото и големите димензии на голот, ќе си помислите дека ова е најлесното нешто во животот. Ама кога имате човек пајак пред вас, следниот пат во ваква ситуација може и трема да ве фати.

Туку што беше со парадиве на Тер Штеген

По разни перипетии, шпанската Ла Лига го организираше Фајнал Форот на Супер Купот, со тоа што лани премиерното издание се играше во Саудиска Арабија а годинава дома. Во првото полуфинале Барселона на пенали го победи Реал Сосиедад откако претходно благодарение на Тер Штеген мечот заврши 1:1.

Тер Штеген ли е, Штербик ли е?

Па не е нормална оваа одбрана која чуварот на голот на Барселона ја направи на полуфиналето од ЛШ против Баерн пред 5 години. Никој не му фатил ваков шут на Левандовски од толку блиску. Плус после одбраната, топката речиси беше влезена во гол.

Туку што беше со одбраниве на Тер Штеген

Атлетико Мадрид беше подобар во поголемиот дел од дербито на колото со Барселона, но мечот на крај го реши Меси со гол во 85' минута после една контра. Но човекот на кого сите му се поклонуваат е можеби најдобриот голман во моментов во Европа. Марк-Андре Тер Штеген.

Не за џабе Барса му стави клаузула од 180 милиони евра

Фудбалерите на Германија се вторите финалисти во Купот на Конфедерации откако го декласираа Мексико со 4:1. Еден од јунаците на мечот беше Марк Андре Тер Штеген со своите одлични одбрани. Барселона неодамна му го продолжи договорот до 2022-ра година и стави огромна клаузула во договорот ако некој сака да го откупи.

Првото засилување за Луис Енрике

Голманската позиција беше често пати критикувана како слаба точка на Барселона. Со назначувањето на новиот тренер, Каталонците ја официјализираа и замената за Валдес која доаѓа од Бундеслигата. Се работи за младиот талентиран голман на Борусија Менхенгладбах, Марк Андре Тер Штеген кој по видеово ветува многу.