Марк Андре Тер Штеген
Голманот на Барселона и еден од најдобрите европски чувари на мрежата на 17 мај соопшти дека го пропушта Евро2020. Докторите му препорачале што поскора операција на коленото за да избегне проблеми во иднина. Тер Штеген го пропушти последното коло во шпанска Ла Лига кое не и решаваше ништо на Барселона.
Ова отвора можност на Европско да патува Кевин Трап, некогашниот голман на ПСЖ, сега во Ајнтрахт Франкфурт. Тер Штеген важи за еден од трите најдобри европски голмани но во Германија веќе долго време се води сериозна дебата околу него и Мануел Ноер.
Тер Штеген дури еднаш и отворено го критикуваше стручниот штаб што не го ставаат повеќе да брани. За Германија редовно го викаат од 2017-та година (токму кога Ноер беше отсустен поради повреда).
Вирџил Ван Дајк
Ова отсуство е најочекувано и не е изненадување за никого, затоа што Ван Дајк не игра фудбал од октомври лани. На почетокот на дербито со Евертон во Премиер лига, домашниот голман Џордан Пикфорд страшно стартуваше над холандскиот стопер кој ги скина лигаментите при тој дуел.
Без него Ливерпул не само што не можеше да ја одбрани титулата во Премиер лига туку и едвај во последните 2 кола избегна срам да игра во Лига Европа. Докторите на Ван Дајк му рекле дека ако сака во целост да закрепне пред стартот на новата сезона, да заброави на Евро2020.
Серхио Рамос
Во составот на Шпанија немаше место за капитенот и главен играч на Реал Мадрид, Серхио Рамос. Според негово лично признание, ова му била најтешка година во кариерата - 0 трофеи со Реал Мадрид, тешки преговори за нов договор, бесконечни повреди и отсуство од Европско првенство.
Во Примера во календарска 2021 Рамос одигра само три меча, а последниот од нив дури во март. Шпанската јавност се спори со селекторот Луис Енрике зошто не ги викнал Начо ни Марко Асенсио, но за Рамос сите се едногласни дека не е во форма, не е спремен и треба да остане дома.
Ансу Фати
18-годишниот бисер на Барселона неодамна блесна на најголема сцена па така неговото отсуство од клуб и од репрезентација ќе се почувствува.
Фати има уште многу турнири пред него, многу европски и светски првенства, така што во моментов најважно за него е да се опорави по тешката повреда на менискусот и операција во ноември лани. Докторите тогаш предвидоа пауа од четири месеци, но лекувањето не постигна голем ефект и врз Фати подоцна во една сезона биле извршени четири зафати.
Марко Ројс
Случајот со капитенот на Германија е најчуден од сите. Тој нема конкретна повреда, туку просто 31-годишниот Марко изјави дека сезонава толку многу физички се истрошил на клупски план што не може да го следи интензивното темпо на репрезентативно ниво.
Во 2014-та Ројс беше права ѕвезда на репрезентацијата на Германија но го пропушти златниот Мундијал во Бразил поради повреда. После две години ситуацијата со него пред Европско првенство во Франција беше иста, а на Светското 2018 во Русија тој допатува но Германија доживеа срам и испадна уште во група.
Кшиштоф Пјонтек
Не му тргна ниту на напаѓачот на Полска. Пјонтек кој блесна во италијанска Серија А, дојде на голема врата во Милан па замина целосно заборавен во Берлин, во 2018-та стана репрезентативец на Полска.
Во 31. коло од Бундеслигата Пјонтек тешко се повреди и објави дека ќе го пропушти Европското.
„Последните 36 часа беа многу тешки за мене. Повредата не ми дозволи да го исполнам сонот да заиграм на Евро2020. Но верувам дека Бог има план за мене“, напиша Пјонтек на социјалните мрежи.
Златан Ибрахимовиќ
Ибракадабра прво ја заврши кариерата во репрезентација во 2016-та година набрзо откако Шведска испадна од Европското во Франција. Центафорот се обиде да се врати во селекцијата пред Светското во Русија но селекторот Јане Андерсон одби да го стави на списокот.
Камбекот официјално го доживеа пред неколку месеци кога Златан го дочекаа со раширени раце пред двата квалификациски дуели на кои даде по гол и асистенција.
Но набрзо се поврди на мечот со Јувентус и тоа ќе го спречи неговиот настап на големото Европско првенство летово.