Хулк се прослави со Порто каде во периодот 2008-2013 освои 11 трофеи меѓу кои и Лига Европа, а во една сезона блесна со 35 голови на сите натпреварувања.
Во 2012-та направи скап трансфер во Зенит вреден 60 милиони евра, а по четири години замина во Кина каде се офајди дебело. Пет години во Шангај и неделна плата од 320.000 фунти. Од јануари годинава е член на Атлетико Миниеро.
Но поентата не ни беше за кариерата на бразилскиот напаѓач, туку за тоа од насловот, кој ќе го сконтате со помош на горната фотографија.
По 12 години брак, Хулк се разведе од Иран Анџело де Соуза, тоа е госпоѓата во црно која стои до него. Имаат три деца.
Потоа почнал врска со Камила, а тоа е девојката во бело, која инаку е сестра на Иран или по нашки балдска на Хулк.
За да може девојка му да добие виза за престој во Кина, додека играше за Шангај, во март минатата година ја земал за жена.
На тој начин Камила им станала маќеа на децата на Хулк од неговиот прв брак, на кои веќе им е тетка. Така му доаѓа нели?
Е сега за да бидат работите уште полуди, Хулк и Камила соопштија дека чекаат дете. Што значи децата на Хулк од првиот и вториот брак ќе бидат во специфична врска.
Братучеди ли, полубраќа, полусестри? Тоа ќе го оставиме за некоја сериозна студија која се занимава со роднински односи.
Како и да е, Хулк е фамилијарен човек или зависи кој како гледа на тоа.
Инаку за таа во средина немаме инфо која е и воопшто не нè чуди ако е вплетката во оваа јужноамериканска сапуница.
Инаку двете сестри и негови идни жени, Хулк ги запознал кога имал 21 година, Камила имала 19, а Иран 39.
И сега пази ова како би можело да се развие: