Ракип Ердал е роден на 13 февруари во 1996-та година во Малме. Неговите водат потекло од Ресен.
Ракип кариерата ја почнал во Малме каде од најмлада категорија стигнал до прв тим. Оед 2013 до 2017-та дури 90 пати играл за трофејниот шведски гигант и постигнал 11 гола.
Следеше трансфер во Бенфика каде не настапил ниту еднаш, а не добил шанса ниту во Кристал Палас па во 2019-та се враќа во клубот кој го створи големиот Златан Ибрахимовиќ.
Тој веќе имал контакти со луѓето од ФФМ и поранешниот селектор Игор Ангеловски но не доби повик ни пред Европското првенство ни за Евро2020. Сега очигледно е право време да добие повик.
Интересно, во првото коло од групната фаза пред неколку вечери во Лига на шампиони на мечот Малме - Јувентус со број 7 за домашните играше и нивното дете, Ракип Ердал кој настапи до 59’ минута кога го заменија.
Ердал играше за Малме против Јувентус и во групната фаза на Лига на шампиони во 2015-та кога после мечот го сменил дресот со Пол Погба. „Тогаш бев млад и искуството беше “вауу“, ама сега ќе имам поинаков пристап и ќе излезам на терен да освојам бодови“, се сеќава Ракип кој тогаш имал 19 години а истрчал на терен против Тевез, Буфон, Кјелини, Пирло, Видал, Погба, Мората, Љоренте...
А играше и на двомечот Малме - Вардар кој „црвено-црните“ го решија во своја корист со сензационален вкупен резултат 4-1 (1-1 во Шведска, 3-1 на стадионот „Младост“ во Струмица).
Инаку Ракип Ердал игра во среден ред, има слични карактеристики со Аријан Адеми и би бил од огромна помош за нашата селекција, особено во ситуација кога Барди и Адеми кубурат со повреди.
„Да, сè е спремно сега. Добив зелено светло. Имав многу контакти во последно време и Македонија сака да играм за нив. Таму е баш забавно. Секогаш сум одел таму летно време и таа земја многу ми значи“, додава Ракип за шведскиот медиум Fotbollskanalen
Ердал веќе има настапи за Шведска У-17 (15 меча, 1 гол), У-19 (14 меча, 2 гола), У-21 (15 меча, 2 гола), но никогаш не дебитирал за сениорската репрезентација на „викинзите“ која редовно игра на Светски и Европски првенства.
За очекување е нашата фудбалска федерација заедно со селекторот Благоја Милевски да се обидат овој одличен фудбалер да заигра за Македонија.