Потпретседателот на Суринам има свој клуб за кој заигра на 60 години

Најјаката фудбалска сторија на годината ни доаѓа од најмалата јужноамериканска држава која се граничи јужно со Бразил и има помалку од 600.000 жители. Таму правилниците и она што се вика почитување на статут во федерацијата, постојат само на папир. Царов прави што сака.

Името кое треба да го запаметите е Рони Брунсвијк, втор човек во Суринам кој очигледно дека е над законот. Со други зборови шериф според однесувањето и досието.

Во КОНКАКАФ лигата, пандан на Лига Европа, се натпреваруваа Интер Моенготапое од Суринам и Олимпија од Хондурас. И сега пази ова, на терен се појавува газдата на домашниот тим облечен во дрес и шорцеви и тоа во улога на капитен.

Е сега за да биде сторијата за медал, пазете и ова. Типот има 60 години и е потпретседател на Суринам. Па нема појако. Ова тешко поминува на некој егзибиционен или некаков си пријателски меч, ама зборуваме за официјален во второ по ранг клупско натпреварување.

Газда Рони како стартер издржал 54 минути на терен, а придонесот и не му баш за фалење, бидејќи неговиот тим загуби 0:6. Знаеме дека после ова видео ќе имате многу прашања, ама ќе се обидеме да ви разјасниме.

По мечот влезе кај гостинските играчи во соблекувална, каде се гледа како им дели пари на рака.

Њујорк Тајмс ќе ви каже подетално за профилот на потпретседателот на Суринам:

„Елитен падобранец, фудбалер, баран разбојник на банка, водач на герилците и татко на најмалку 50 деца. Осудуван е за трговија со дрога во Европа, но исто така помогнал и да се донесе демократија во малата јужноамериканска држава. Бил испрашуван од каде го заработил своето богатство, но исто така важи и за великодушен. Има стекнато репутација како Робин Худ. Од хеликоптер им фрлал пари на своите поддржувачи“, пишува американскиот весник.

Неговото објаснување било дека богатството го стекнал од концесиите за производство на дрва и злато што ги добил по војната, а не го дрога, а инаку токму богатството го искористил за да влезе во политиката.

МИНАТОТО НА РОНИ БРУНСВИЈК

Моќниот Брунсвијк стана потпретседател на Суринам во јули 2020-та година, откако долго време бил клучна политична фигура во земјата.

Тој бил водач на бунтовниците и ја формирал Ослободителната војска на Суринам попозната како Jungle Commando и во 1985-та година се борел за правата на африканските потомци. Бил дел од граѓанската војна која траела од 1986-та до потпишувањето на мировниот договор во 1992-ра, а потоа станал активен во политиката во својата татковина.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Goal (@goalglobal)

По војната, Холандија го гонела за трговија со дрога и во 1999-та година го осудила во отсуство.

Во 2002-ра година помогнал да се изгради клупскиот стадион на Интер Моенготопое, кој погодете како се вика? Рони Брунсвијк.

Во 2005-та бил суспендиран поради наводна закана на играч со пиштол, но суспензијата подоцна била отфрлена подари недостаток на докази. Во 2012 се соочил со нова суспензија поради навреди кон судија.

22 септември 2021 - 14:08