Ракометната пресметка во 2. коло од Лига на шампиони меѓу Порто и Фленсбург ја судеа Славе Николов и Ѓорги Начевски, а клучна фигура на мечот беше Никола Митревски.
Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 44-та минута откако гостите имаа предност од +3 и со шест интервенции во последните 15 ги отпиша Германците.
При резултат 27:27, Фленсбург се обидуваше преку долг напад да го реши мечот, но искусниот Митревски блесна со извонредна одбрана на 20 секунди, а потоа неговите соиграчи преку седмерец се изборија за победа.
Залудни беа и 8-те гола на Ване кој беше најефикасен на средбата, бидејќи битолчанецот по кој знае кој пат реши да плете мрежа на гол.