Во овој клуб игра и легендарниот Лукас Подолски, а нашиот Тошевски доби шанса од старт на мечот во Купот и веднаш покажа дека е голем талент.
Тошевски проигруваше, дриблаше, имаше брзи продори во самиот напад, а во 39’ минута и го отвори резултатот 1-0 по една одбиена топка:
Давид Тошевски во јули лани потпиша со Ростов, забележа само 6 настапи, па беше пратен на позајмица во руски Тамбов каде претежно седеше на клупа.
По доаѓањето во полскиот клуб Гурник Забже, во 7. коло беше резерва, а во средата во Купот доби шанса од почеток и ја искористи со погодок.
На полувреме наместо Тошевски влезе искусниот и легендарен германски фудбалер со полски корени Лукас Подолски. На крај Гурник славеше со 2:0 и се пласираше во следна рунда од Купот на Полска.
Сега во ситуација кога македонската фудбалска репрезентација кубури со ефикасност и не може да погоди гол (Ерменија 0-0, Романија 0-0), можеби брзоногиот Тошевски би бил од помош во А селекцијата.
20-годишниот Давид кој е висок 186 сантиметри веќе има 5 настапи за младата У-21 селекција.