Прием на Бензема ала Роналдињо, 200 гола во Ла Лига и рекорд кој го немаат Роналдо и Меси

Реал Мадрид игра на стартот на новата сезона како по ноти, 21 гол на 6 меча, а човекот кој најмногу дојде до израз на Бернабеу откако си замина Кристијано се вика Карим Бензема. И на тилот има очи.

Кралевите ја уништија Мајорка со 6:1, а топката дома си ја однесе Марко Асенсио кој постигна хет-трик. Не се радуваше, бидејќи е дете на Мајорка од каде во 2014-та се пресели во Мадрид.

Но главна фигура во Реал сезонава и не само оваа, е Бензема кој даде два гола од кои едниот главна тема на разговор, бидејќи ја прими со грб, што е ретко видена мајсторија.

По првите 6 кола во Ла Лига францускиот напаѓач има 8 гола и 7 асистенции, рекорден ефект кој им нема успеано ниту на Роналдо и Меси по само толкав број на натпревари.

Ниту еден друг играч во овој век немал ваков старт во Шпанија.

Откако Роналдо во 2018-та се пресели во Серија А, Бензема како да се ослободи и како да му се отвори повеќе простор за игра. Показател за тоа е неговата реализација од 85 гола, откако Португалец стана член на Јуве.

30 гола во 2018/2019, 27 во 2019/2020, 30 во 2021/2021 и сезонава 8. Синоќа одбележа и јубилеј од 200 првенствени погодоци во дресот на Реал Мадрид.

Реал има 5 победи и едно реми, а ефикасноста им е како никогаш до сега во последните 34 години и покрај плејадата на врвни играчи кои ги имаа низ последниве три децении.

Приемот на Карим и голот за 5:1

Дриблингот на Винисиус

Хајлатјс

23 септември 2021 - 09:59