Offside

После сите повреди од кои дури шест сериозни, сомнежи и перипетии дали треба да игра на Светско, како и бескрајни часови работа, тој се врати на најголемата фудбалска сцена за уште еднаш да ја претставува својата земја.

Префинета култура - капитенот на Уеска носеше необична капитенска лента против Барселона

Пред неколку месеци раскажавме за капитенот на Уеска, Хорхе Пулидо кој на секој гостински меч излегува на теренот со уникатна капитенска лента околу рамето.

Бугарско фудбалско насилие

Доживях и аз да снимам прекратен мач, напиша снимателот на ова видео, кое е доказ дека нема бегање од селската фудбалска традиција на Балканов позната како „Ќе јадеш ќотек ако свириш против домаќинот“. Ако ви значи нешто дуелот е ОФК Костинброд - Торнадо Безден.

Барселона од Нигерија

Не им го гледајте стадиончето и околината, туку пратете им ја акцијата и завршницата. Со душа ја изиграа. Се гледа дека имаат тимски дух.

Маестралните голови на Меси и Гризман

Барса синоќа со 4-1 ја прецрта Уеска. Лео Меси го израмни неверојатниот рекорд на Чави со 767 настапи за Барселона и му фали уште еден за апсолутен рекорд. Аргентинецот даде 2 гола од кои едниот беше фантастичен. Исто луд гол даде и Антоан Гризман.

Поздрав за Роберто Карлос од село Падина

Петта лига на Србија, дуел меѓу ФК Долина од Падина и Спартак Дебељача (би ги частеле гајба пиво за имево). Домаќините победиле 4:1, а Марко Јованов го постигнал најубавиот гол на мечот. Сув лист каков што не се наоѓа често ни во Топ5 лигите во Европа.

10 години од денот кога Пандев го расплака Минхен

Ние пак за Горан. А што да правиме кога немаме друг фудбалер со толку славен багаж во кариерата. Ако случајно заборавил, само ќе го потсетиме дека на денешен ден пред точно една деценија го постигна еден од најважните и најславните голови ви кариерата.

Од советски војник до милијардер газда на фудбалски клуб

На нет се врти една мошне интересна колоризирана фотографија, веројатно од средината на '80-те години од минатиот век. На неа е човекот синоним за богатство и газдинство.

Класна прослава на гол во Франција со гумена бомбона

Дербито на Лангедок (историски регион на јужниот брег од Франција) меѓу Ним и Монпеље е голем настан за жителите на овие два града кои имаат децениски ривалитет.

Голманот кој ја изел одбраната во формација 5-3-2

Е вакви видеа сакаме, да не кренат понеделнички на дождов. Супер е он и со покретите и со рефлексите и со брзината, особено на старт кога цупка како на играорна. Плус овој што коментира во позадина изврсно се лепи на видеото. Клипов е фантазија.

Душманско куцање на месецот во НБА

Њу Орлеанс го совлада ЛА Клиперс 135-115. Прв стрелец ѕверот Зајон Вилијамсон со 27 поени, 5 асистенции и 2 скока. Ѕвезда на вечерта младиот Џексон Хејс кој го залепи на постер Реџи Џексон.

Кој ти е бе овој волеј, топката ја дупна

Сергеј Сидорчук од Динамо Киев е дефинитивно стрелецот на најјакиот гол на сезоната во Украина. Падна на гостувањето против Зорја Луганск. Спектакл за гледање.

Алексеј Покушевски е најмлад играч во НБА со 20+ поени (5 тројки)

19-годишниот српски кошаркар од Белград, лани беше избран како 17-ти пик на драфтот во НБА од Минесота Тимбервулвс која го набрзо го трампаше. Младиот Покушевски претходно играше за Олимпијакос, а сега блесна во Оклахома Сити Тандер.

Комичен момент со судијата на Милан - Наполи

Милан клизна на -9 од лидерот Интер откако синоќа дома загуби од Наполи 0:1, а најсмешно клизна судијата на кој сопка му направи Марио Руи.

Чудесна ситуација пред гол на Суперкласико

Дербито Бока Јуниорс - Ривер Плејт заврши 1:1 и сите зборуваат за шансата на гостите во 90-та минута кога готово беше да биде 1:2 со автогол. Но во еден момент се гледа како топката добива чудно ефе и излегува од гол.

Моментот кога на Ди Марија му кажуваат дека неговите се ограбени

Францускиот шампион ПСЖ синоќа изгуби дома 1-2 од Нант и тоа беше седми пораз сезонава за Парижаните. Мечот остана во сенка на насилните грабежи во домовите на Анхел Ди Марија и стоперот Маркињос. Најблиските на Аргентинецот биле држени во заложништво, па спортскиот директор Леонардо му пренел на тренерот Почетино итно да го извади Ди Марија од игра.

Голманот што ги изнасмеа коментаторите сред пренос

Една чудна голманска одбрана на словачкиот голман Франтишек Плах го спаси голот на неговиот Пјаст Гливице против Лех Познан во 21. коло од полската Екстракласа. А коментаториве на глас се смееа.

Хет-трик на Роналдо за 22 минути откако избегна чист црвен картон

Шампионот Јувентус глатко води 0-3 против Каљари на гости. Португалецот постигна три гола во рок од 22 минути од кои еден од пенал. Ама куртули и да не добие чист црвен картон за старт за кој секој друг играч би бил исклучен.

Феноменален гол со рабона на Ламела

На градското дерби Арсенал - Тотенхем гостите први поведоа со 0-1 и тоа со неверојатниот гол на Аргентинецот Ерик Ламела. Рабона каква што многу ретко се гледа. Арсенал до полувреме израмни преку Мартин Едегард. Ламела во вториот дел за само 7 минути доби два жолти картони и беше исклучен, а „топџиите“ победија 2-1.

Статус на денот за Пандев

Со секој постигнал гол на Горан Пандев му се восхитуваат на долговечноста на терен и формата и тој повторно е топ тема и во весници и на социјални мрежи. Селски фудбал кога ќе пише нешто, врие Фејсбукот. Ќе фали следна сезона на терен.

Убедлив пораз на Македонија, не оди без ветераните

Без Кире Лазаров како играч, Филип Миркуловски и повредениот Столе Стоилов, македонската ракометна репрезентација немаше сили за уште една сензација против светскиот првак Данска. Одма е подруго без нив.

Кире ги караше на тајм аут Кузмановски и Талески

Со оглед на тоа што дел од ветераните се повлекоа, а нема вечни да бидат ниту другите, од двајцата наши бекови и имењаци се очекува да бидат носители на играта на Македонија. Што значи Лазаров со право на два тајм аути им се обраќа со критики, но и со совети дека треба да играат послободно.

Голманот на Херта прими гол како прв пат во живот да брани

Борусија Дортмунд ја совлада Херта со 2:0, а резултатот го отвори Јулијан Бранд со убав удар кој наликуваше на сув лист, иако не сме на чисто дека ова е неодбранливо. Па во него ја шутна, а Рун Џарстаин има 36 години, што е непроценливо искуство за голман. Погледне како пацерски реагираше.

Кам бек на мајстор Горан Пандев со гол

Беше повреден минатото коло и не беше во комбинација за мечот против Рома. Се врати и за само 8 минути ја затресе мрежата на Удинезе за гол број 5 сезонава и вкупно 98 во Серија А. Само уште два до јубилејот.

Пандев: „После Европското, 99% одам во пензија“

Капитенот на фудбалската репрезентација, човекот кој ни ја овозможи најголемата фудбалска радост да ја гледаме Македонија на едно големо натпреварување, вели дека веќе отприлика знае што ќе прави по крајот на богатата кариера.