90 минути за Елмас, головите на Наполи кој од кој поубав

Перфектен старт на Наполи под водство на Лучано Спалети, единствен во италијанско кој сезоната ја почна со 4 од 4. Инсиње, Рахмани, Кулибали и Лозано како да се натпреваруваа против Удинезе кој ќе го даде голот број 1 на мечот.

Лобот на секогаш снаодливиот Инсиње, гол кој сепак му го препишаа на Осимен кој ја боцна топката на крај.

Да видите што сме вежбале на тренинг.

Кулибали ќе ја дупнеше топката.

Лозано во Инсиње стил.

Македонската дружба пред мечот.

21 септември 2021 - 09:17