Празнувањето на големиот јубилеј почнал уште на ден пред мечот со Вележ Мостар (0:0). Кулминацијата беше пиротехничкото шоу дента на роденденот кога низ цел град светеле бакљи и огномети.
Пиро-шоуто почнало симбоилично во 21:00 часот зошто ФК Жељезничар е основан во 1921 година. Истовремено преку 350 огномети биле распалени на 7 километри низ Сараево а запалени биле и преку 500 бакљи.
Популарниот Жељо е најтрофеен клуб во Босна и Херцеговина. Основан е од железничари во Сараево и оттука и таквото име. Во Југославија Жељезничар еднаш бил шампион на државата (1971/1972), еднаш завршил втор (1970/1971) и еднаш играл во финале на Куп (1980/1981).
Најголемите успеси на Жељо во Европа се исто од тоа време: четвртфинале (1971/1972) и полуфинале (1984/1985) на Куп на УЕФА.
По распадот на некогашна СФРЈ и независноста на Босна и Херцеговина, клубот е далеку од некогашното ниво во Европа но скоро секоја година е на самиот врв во домашното првенство. Од распадот на СФРЈ до денес имаат 6 титули, 6 Купа и 3 Суперкупа на БиХ.
Клубот има и младинска академија низ која поминале многу познати фудбалери, а сигурно најголем е Един Џеко кој е дете на Жељезничар.