Најголемиот шпански кошаркар на сите времиња, легендарниот Пау Гасол имал 11 години кога ја слушнал веста дека големиот Меџик Џонсон е инфициран од ХИВ вирус. Не знаел што е тоа.
Како и сите помлади и постари во тоа време кога светот го шокираше веста дека еден од најдобрите кошаркари на светот во тој момент боледува од опасен вирус и дека му останува уште малку време, така и 11-годишниот Пау Гасол не можел да поверува како е можно неговиот НБА идол Меџик Џонсон да не игра веќе баскет.
„Влегов во длабока мисла. Се трудев да сфатам што значи тоа и што треба да направам. Тоа беше еден од оние моменти кои ќе ги памтиш засекогаш“, се сеќава Пау.
Меџик, Лери Бирд и Џордан биле негови идоли како денес Кристијано Роналдо, Меси, Ѓоковиќ, Леброн Џејмс на некои нови клинци.
Уште од мал Пау се надевал дека за некоја година целиот тој Дрим Тим состав на Америка ќе дојде на Олимписки Игри во неговата родна Барселона. Но сега не му било јасно што е со Меџик.
„Мислев дека може да умре. Во тоа време СИДА и ХИВ ги сметавме исти со смртта. Лутав по школскиот двор, размислував што се случило, никогаш претходно не сум замислил такво нешто“, раскажува легендата на Барселона и ЛА Лејкерс, двократен НБА шампиоин, шескратен Ол-Стар играч и четири пати биран во најдобриот состав на сезоната во НБА. Тогаш кружеа многу гласини како може да се заразиш со вирусот. Страшно беше дури и да пиеш од туѓо шишенце или да јадеш од иста чинија. Он се заразил преку плунка или преку крв? Тоа беа тешки мисли за 11-годишно дете и влијаеше многу врз мене“, вели Гасол за ESPN.
Мајка му на ученикот Пау Гасол била лекар, а татко му раководел со помлад медицински персонал, па на малиот кошаркар му било јасно каде да се обрати за да му објаснат. Прашал дали може НБА кошаркарот да преживее, но родителите не му гарантирале такво нешто.
Тогаш во ноември 1991-ва Пау решил да проба да направи нешто за спас на Меџик Џонсон и други заболени од ХИВ.
„Сакав да најдам лек. Сакав да се најде лек за сите болни да се излекуваат. Мечтаев за тоа цело време“.
Кошарката му била најголема љубов на идниот НБА шампион, но еднаква страст имал и кон медицината која многу го интересирала. Израснал во докторска фамилија, сакал биологија и анатомија, дури и името Пау го добил зошто бил роден во познатата клиника Сан Пау.
„Кога родителите ме прашаа што сакам да станам, реков доктор. Сакав да станам научник. Тоа беше мојот одговор. Секогаш уживав во науката, дури и во математика. Сонував да лекувам и да спасувам луѓе. Уште не знаев како но замислував разни начини“, со насмевка раскажува Гасол додека се сеќава на раното детство.
Пау се посветил на книгата и на 18 години се запишал на медицина на Универзитетот во Барселона. Во тоа време веќе покажувал раскошен талент за кошарка и од младинците го прекомандувале во прв тим на големата Барса иако не добил многу шанса да игра.
Денот му бил поделен на два различни света: тренинг кошарка сабајле, после предавања на факултет, па после уште еден тренинг.
Во втора година на факултет израснал нагло 210 сантиметри и дошол моментот да бира: или ќе биде врвен доктор или ќе биде врвен професионален кошаркар. Често патувал надвор од градот за гостувања со Барселона додека неговите колеги од факултет тоа време биле во болници и лаборатории на пракса.
Топката го повлекла повеќе. Гасол го избрал баскетот но сметал дека ќе може да и се врати на медицината по крај на професионалната кариера.
„Искрено не беше тешка одлука. Знаев дека постапувам правилно. Чувствував дека кошарката ми отвора пред мене многу можности. Почнав да играм се подобро. Патував заедно со екипа професионалци. Беше прејако зошто се наоѓав во центар на внимание. Мислев дека ако не се справам, секогаш можам да се вратам во медицината. Секогаш ќе можам да станам лекар. Деканот исто ми викаше дека вратата на универзитетот е отворена за мене во секое време“.
Центарот продолжи да блеска на паркетите и стана најдобар млад играч во Европа а подоцна и на светот. Во есента 2001-ва година веќе потпиша богат договор со Мемфис Гризлис во НБА.
Но ни во НБА големиот Пау Гасол не заборавил на желбата да се занимава со медицина. Кога тогашниот тренер на Мемфис, Хјуби Браун го прашал Шпанецот што сака да прави по крајот на кареиерата, Гасол одговорил дека ќе стане доктор.
Соиграчите и новинарите не ја разбирале баш најдобро оваа негова страст па често го исмевале дека бил многу мек и не му го прифаќале „чудното“ хоби, им било страно што свирел клавир и имал љубов кон класичната музика, што читал белетристрика и медицинска литература. Сето тоа не одговарало на нивната претстава за кошаркар кој мисли само на победа. Гасол никогаш не ја сменил својата суштина иако тоа што не го разбираат понекогаш го бунело.
Учествувал често во хуманитарни акции. Некои од нив подразбирале и визита во различни клиники.
Кога направи голем трансфер во ЛА Лејкерс, клубот на неговиот идол Меџик Џонсон кого го мислел на 11 години, Гасол ја посетил детската болница на булевар Сансет во Лос Анџелес. Екскурзија низ болницата му направил ортопедот Дејвид Скагс.
„Кога Пау првпат дојде тука, му ги демонстрирав стандардно забавно сите класични работи кои ги правиме. Но во еден момент Пау се сврте кон мене и праша: „Кога спојувате пршлен кај двогодишно дете кои се долгорочните ефекти и како оваа процедура влијае врз плуќата?“
Како ли можеше да смисли такво прашање?!
Ме збуни што фокусот му беше на големата актуелна контроверза во детската хирургија на кичма. Ме праша тоа што јас го проучувам десетина година. Он како да дојде од убрзан курс за пет минути. Пау беше многу паметен. Страшно паметен!“, се сеќава доктор Скагс.
Докторот и Пау Гасол имале многу заеднички нешта: на Универзитет Дејвид играл фудбал а влегол и во студентска репрезентација во трчање на 400 метри со пречки. Но го оставил спортот поради медицината.
Пау со интерес и големо внимание ја гледал операционата сала кога доктор Скагс го прашал дали сака да дојде во улога на набљудувач на една операција на кичма. Пау Гасол многу сакал и прифатил.
Соиграчите во Лејкерс се потсмевале со Шпанецот што он одвреме-навреме бил и доктор во екипата. На почетокот на сезоната 2009/2010 Гасол незгодно ја повредил потколеницата а снимката покажала скршеница.
Но Пау брзо откако закрепнал, ја обновил повредата која сега била понезгодна. Затоа им предложил на лекарите да му направат сонограм кој би помогнал да се утврди степенот на длабочина на руптурата.
„Ми кажаа дека тука во САД тоа не е честа пракса. Они прават сонограм само кај бремени жени. Но во Европа се користи сонограм и при скршеници за да се определи нејзината големина. Снимката може да ви даде разни одговори но сонограмот исто дава вредни податоци. Кога ја направивме, многу ни послужи“, се сеќава Гасол на времето во Лејкерс.
Доктор Скагс по извесно време му се јавил да дојде да набљудува операција, а Гасол иако веднаш прифатил, сепак ја пропуштил шансата да присуствува на педијатриска операција на кичма кај дете, не само што клубот не му дозволил пред НБА плејоф туку и зошто Пау Гасол бил малку настинат па не сакал да го инфицира пациентот.
Но по триумфалното победничко финале на НБА против големиот ривал Бостон, двократниот шампион Гасол је чекал втората шанса. Овој пат операција ја чекала 13-годишната Изабела Шатак. Таа не знаела кој е кошаркарот Пау Гасол, но дозволиле со мајка и да присуствува во операционата сала. После побарала информација за него и се фрапирала кога видела дека е лидер на Лејкерс.
На денот на операцијата, Гасол го облекле во неопходната униформа, бил највисок во салата а докторите уверувале дека тој има потполно право да биде овде како и секој друг студент кој е на пракса.
Девојката била оперирана за да ѝ се исправи кичмата. Пау никогаш претходно не видел нешто слично. Пред него лежело тело на жива девојка со отворена кичма.
Доктор Скагс се објаснувал детално а после ја зел во раце медицинската опрема и рекол дека сега ќе и вгради штрафови во кичма на девојката.
Целиот тензичен момент и дијалозите во салата ги раскажува Том Френд, новинарот на ЕСПН:
„Девојкава ќе добие околу четири сантиметри во висина. Ќе биде воодушевена. Некои деца со вакви проблеми мора да носат протези“, рекол докторот. Кога докторот почнал со операцијата, Пау пребледел и се препотил. „Помошничката на хирургот го прашуваше дали си добро, а Гасол одговараше: „да, да“ со блага насмевка.
„Сериозно, ако ви се врти во глава мора да знаеме за тоа“, рекол асистентот на хирургот.
„Нормално е, не се секирајте. На сите ни се случува истото, нема ништо страшно во тоа“, додал доктор Скагс.
„На сите им се врти така“, потврдил асистентот, а Гасол прашал: „На сите“?
„Да, еднаш кога бев студент се онесвестив“, додал помошникот. „Ви верувам“, додала ѕвездата на Лејкерс.
„Да не сакате да седнете?“, прашал асистентот.
„Гасол не одговори ама дишењето му станало сè потешко“, раскажува новинарот Том Френд.
Шпанскиот кошаркар се смрзнал кога докторот му кажал дека вакви операции знаат да траат и по осумнаесет часа а дека оваа ќе трае четири.
„Ова е столче, така? Извинете, јас ќе седнам малку. Боже драги, ох“, рекол Гасол.
Набрзо од забавниот асистент добил и шишенце вода низ кое морал да пие со сламка. После некое време пак му се приближил на доткор Скагс и стоел до него до самиот крај. Операцијата била успешна.
Пау Гасол од тогаш е побогат за уште едно вредно искуство. Во текот на целата кариера тој поддржувал разни клиники и медицински центри. Стана и амбасадор на УНИЦЕФ и посетуваше земји во Африка каде помагал во борбата со ХИВ и СИДА.
Во последните неколку години со брат му Марк Гасол водат хуманитарен фонд Gasol Foundation чија основна дејност се програмите за поддршка во борбата против детска гојазност. Оваа организација всадува здрави навики кај децата, се фокусира на нивната физичка активност, здрава исхрана и емотивна благосостојба.