Таг: пау гасол

Како се разбираа Гасол и Коби?

Во друштво на сопругата, децата, родителите, како и Ванеса Брајант, Пау Гасол имаше многу емотивна вечер во „Крипто.ком“ арената, организирана во чест на повлекувањето на неговиот дрес со број 16. Со Коби функционираа фантастично и заедно освоија два прстени. Имаа хемија на терен, потврдена од страна на Брајант во соблекувална.

Емотивен говор и солзи на Гасол, дресот му го повлекоа до Коби Брајант

Лос Анџелес Лејкерс организираше церемонија за легендарниот шпански кошаркар чиј дрес со 16 оди во историјата.

Со кошарката се збогува големиот Пау Гасол, најголема шпанска легенда

За него само во суперлативи збореа Рафа Надал, Расел Вестбрук, Наваро, Рики Рубио и уште многу други спортски великани. Неговата кариера е преполна со трофеи, признанија, титули, пехари, медали.

Пау Гасол студирал медицина со цел да најде лек за Меџик Џонсон

Додека повеќето негови соиграчи слушале хип-хоп и се мајтапеле, високиот Шпанец бил посветен на медицинска литература, класична музика, свирење клавир и сериозно изучување педијатриска хирургија во Лос Анџелес.

Хемијата меѓу Коби Брајант и Пол Гасол

Шампионските титули на Коби не завршија во ерата кога го имаше Шек. Со него стигна до три, а потоа со Пау Гасол врза уште две во 2009-та и 2010-та. Се читаа со поглед на паркетот, а во ова видео ќе видите и како Брајант му делел совети на Шпанецот во соблекувална.

10 најскапо платени браќа во историјата на НБА

Во зависност од тоталниот селари кап (дозволен лимит за плати на играчи) во НБА, неколку браќа или блиски роднини заработија грдни пари. Еве ги најбогатите браќа во најдобрата кошаркарска лига на светот.

Гасол со банана ги реши Леброн и Кливленд

Стартот на јубилејната 70-та сезона во НБА ја одбележија Голден Стејт, Чикаго  Булс и Детроит. Во дербито на колото против Кливленд, Чикаго победи во финишот благодарение на страшната блокада на Гасол над Леброн Џејмс.

Шпанија првак на Европа, Гасол држеше предавање

Кошаркарите на Шпанија ја декласираа Литванија во финалето на Евробаскетот 2015 и по трет пат се качија на кровот на Европа. Пау Гасол МВП на првенството.

Пол неверојатен Гасол

Со Шпанија има 2 титули шампион на Европа, две сребра и една бронза. Освои злато на СП и две олимписки сребра. Вчера сам ја победи Франција со 40 поени, 11 скокови и 3 блокади и ја одведе Фуријата во финалето на Европското првенство.

Ди Роуз сам против Кливленд

Во единствениот натпревар синоќа, Чикаго Булс го совлада Кливленд Кавалирс 113:98. Во 34. победа на Булс сезонава, доминираше Дерик Роуз со 30 поени и седум скокови. Тоа беше 22. пораз за Кливленд сезонава.

Чикаго го плаќа Бузер да не игра за нив

Биковите се должни до крајот на актуелната сезона да му плаќаат 13,55 милиони долари на Карлос Бузер и покрај тоа што тој игра за ЛА Лејкерс.

Крај на црната серија на Лејкерс

Кошаркарите на ЛА Лејкерс синоќа го совладаа Чикаго Булс после продолженијата 123:118 и на тој начин избегнаа и десетти пораз во низа и израмнување со негативниот рекорд од 1994. година.

Коридата на Пау Гасол и биковите

Шпанскиот центар постигна рекордни за него 46 поени и 18 скокови, во победата на Чикаго Булс над Милвоки Бакс 95:87.