После четири години во Чикаго, Бузер беше принуден да замине од екипата која сакаше да ослободи место за Пау Гасол. Булси ја искористија „amnesty" клаузулата и го отстранија Бузер од екипата.
Поради тоа, Биковите беа принудени на Карлос Бузер да му ја исплатат загарантираната заработка за последната година од договорот во износ од 16,8 милиони долари. Правилата налагаат Бузер во таа ситуација да биде слободен играч и девет франшизи имаа право буквално да се наддаваат за негов потпис на аукцијата на Чикаго.
Во целата приказна влезе ЛА Лејкерс и на 17. јули минатата година се нафатија да превземат на себе 3,25 милиони долари од заработката на Карлос Бузер. Чикаго Булс и натаму му плаќаат 13,55 милиони долари, а Бузер сезонава е најдобриот играч на Лејкерс.
Дали од инает, Бузер синоќа против Чикаго уфрли 16 поени и имаше голем удел во првата победа на Лејкерс на последните четири натпревари на кои играат без повредениот Коби Брајант.