Брат брата не рани, тешко кој го нема

10 најскапо платени браќа во историјата на НБА

Во зависност од тоталниот селари кап (дозволен лимит за плати на играчи) во НБА, неколку браќа или блиски роднини заработија грдни пари. Еве ги најбогатите браќа во најдобрата кошаркарска лига на светот.

Студијата на Wall Street Journal покажала дека речиси половина од сите играчи во НБА потекнуваат од спортско семејство, т.е. дека некој од нивните роднини настапувал на професионално ниво.

Најмногу роднини во професионалниот спорт имаат или имале играчи на НФЛ (американскиот фудбал) со 17.5% и МЛБ (бејзбол лигата) со 14.5% роднини меѓу играчите. Во НБА лигата има цела династија: Педесетина кошаркари денес во НБА имале близок роднина (брат или татко) којшто игра или играл во НБА.

На пример, таткото на двократниот МВП и еден од најдобрите кошаркари во НБА, Стеф Кари, Дел, играл во НБА цели 16 сезони и бил сјаен бек-шутер. Братот на Стефон Кари, Сет Кари игра за Сакраменто Кингс.

Соиграчот на Кари, Клеј Томпсон е син на Микал Томпсон, поранешен број 1 пик на драфтот во НБА и двократен шампион со Портланд Трејл Блејзерс.

Во таа смисла, многу ѕвезди заработиле многу пари фамилијарно.

Летово 2017-та двајцата браќа Кари ќе претендираат на плата неколку пати поголема од тековната. Оттука уште сега може да процениме дека вкупниот годишен приход на семејството Кари ќе достигнува и до 40 милиони долари. Но браќата Кари не се единствен братски пар во НБА којшто ќе бара многу повисока плата. Има и браќа коишто веќе ги продолжија своите договори: браќата Холидеј, Зеплер, Плампли.

Актуелниот селари-кап варира од година во година и секоја следна година се калкулира процент од буџетот на тимот за плати од претходната сезона.

Во сезоната 2015/2016 селари-капот беше 70 милиони долари, толку пари имаа франшизите да потрошат максимално на плати, а даночниот луксузен лимит беше 84,74 милиони долари. Сезонава 2016/2017 последната проекција на селари-капот изнесуваше 102 милиони долари и 122 милиони долари за луксузниот даночен лимит.

За таа прилика ќе се присетиме на најскапо платените браќа во историјата на лигата. „Таванот“ со плати во НБА лигата е воведен во 1984. година така што на листава се наоѓаат богати браќа од сезоната 1984/85 па наваму со тоа што е составена не по апсолутните суми, туку по годишната плата секоја сезона во НБА

10. Браќата Нет 1984/1985

Келвин (Денвер) и Кени (Јута и Канзас Сити)
Вкупна годишна заработка: 720.000 долари
20% од „плафонот“ на плати за таа сезона

Во средината на ’80-те години во НБА имало мода на лесни крилни играчи а во нападот на Денвер имало двајца такви: Алекс Инглиш и Келвин „Питбул“ Нет. Во 1985. година и двајцата играле за Западот на „Ол-Стар“ а потоа и во финалето на Западот. Инглиш завршил и во Куќата на Славните, а Нет таа сезона дошол како млад играч. Тогаш „плафонот“ со платите во НБА бил 3,6 милиони долари (смешна цифра во однос на денес), а Нет заработувал 708.000 долари годишно.

Доа бил последниот негов добар договор во кариерата затоа што следната сезона доживеал повреда на коленото и веќе не играл на нивото професионалните кошаркари.

Помладиот брат на Келвин, Кени едвај стигнал во НБА и во сезоната 1984/85 заработил неколку кратки негарантирани договори, но и покрај тоа банкарската сметка на браќата им била фантастична за тоа време.

9. Враќата Бери 2002/2003

Брент Бери (Сиетл) и Џон Бери (Детроит)
Вкупна годишна заработка на двајцата: 8.125.000 долари
20% од тоталниот селари кап таа сезона

Листава не можеше да помине без династијата Бери. И не само од причина што тројца од четворицата синови на големиот Рик Бери играа во НБА, туку и по договорите кои ги имаа.

Секако, за висината на заработката на таткото којшто после НБА „пребегна“ во АБА лигата (не нашава, туку Американската кошаркарска асоцијација која беше полу-професионална) децата не стигнаа. Но кога едниот син, Џон еднаш одбил да потпише договор со Бостон, а Брент Бери во 1998 година потпишал неверојатен 27-милионски договор со Чикаго кој во него (глеј чудо) гледал замена за Мајкл Џордан. После пола година Брент Бери го пратиле во Сиетл.

Третиот брат, Дру Бери играл малку и ретко. Во 2003. година во лигата останаа само двајца од браќата Бери кои заработуваа помалку од еден Кери Китлз но  новиот „таван“ со плата им овозможил на браќата Брент и Џон Бери да земаат годишно огромни суми.

8. Браќата Прајс, 1997/1998
6.010.920 долари
22% од тоталниот селари кап за таа сезона
Марк (Орландо) и Брент (Хјустон)

Слична заработка на браќата Бери можеле да имаат и браќата Драгиќ од Словенија, но Зоран во таа сезона кога Горан потпиша со Мајами Хит не заигра ниту една секунда во НБА. И иако ги добил парите според договореното, браќата (не играа заедно во таа сезона) не ги земаме во предвид на листава. Тоа е можно и со ДеМаркус и Џалил Казинс но со нив приказната е поинаква.

Браќата Прајс исто заработувале а да не играат многу. На пример, за време на лок-аутот во сезоната 1999-та едни од најнадарените браќа во историјата на кошарката (тогаш браќата Кари уште не биле во план од Дел Кари), заработиле 28% од годишната плата која вкупно изнесувала 7,7 милиони долари.

Во сезоната во која доколку одиграл повеќе од 50 меча, Марк Прајс решил да ја заврши кариерата инаку ќе заработел уште повеќе пари.

7. Браќата Персон 1998/1999
8.060.000
26% од тоталниот селари кап
Весли Персон (Кливленд) и Чак Персон (Чикаго и Шарлот)

Во моментот кога снајперистот Весли Персон беше во НБА, неговиот постар брат Чак престана да биде сметан за идна ѕвезда, па дури и кога беше најскапиот играч на Индијана со Реџи Милер, Детлер Шремпф и Рик Смитс.

Но „таванот“ за годишни плати растеше кога статусот на браќата Персон паѓаше и во 1994. година Чак смени два клуба и беше осми играч по плата во својата екипа.

Во моментот кога Весли Персон потпишал договор вреден 40 милиони долари за три години, тој заработил повеќе од попознатиот брат. 

6. Браќата Милсап, 2015/2016

19.034.537
27% од тоталниот селари кап
Пол (Атланта) и Елајџа (Јута Џез)

Помладиот брат на Пол Милсап во НБА играше две неполни сезони но успеа да го фати моментот кога брат му Пол заработил огромна сума на годишно ниво. Дури 98% од НБА годишниот приход на браќата Милсап за минатата сезона стигна од сметката на Пол, а Елајџа заработил неколку стотини илјади долари.

Елајџа во НБА дошол по протекција на брат му: Пол Милсап ги одржал добрите односи со Јута Џез и по заминувањето во Атланта, клубот се согласил да го викне на 10-дневна проба играчот од Д-лигата Елајџа Милсап. Денес Елајџа игра во Развојната Лига, а Пол уште не знае дали ќе остане во Атланта која што го распродава тимот.

5. Браќата Вилкинс 1993/1994

5.778.000
38% од вкупниот селари кап за таа сезона
Доминик (Атланта, Клиперс) и Џералд (Кливленд)

Во 1992. година Џералд Вилкинс потпишал „скромен“ полумилионски договор со Кливленд и заработувал помалку отколку што земал во Њујорк Никс претходно.

Во сезоната 1993/1994 браќата Вилкинс бил најбогатиот братски пар во историјата на НБА а потоа ги спопаднале повреди и ги стигнале годините. Сезоната 94/95 ја пропуштил Џералд, во сезоната 95/96 Доминик Вилкинс отиде во Панатинаикос и го освои златото во Евролига.

Потоа, во сезоната 96/97 браќата добија минимални договори. После локаутот во 1999. година, браќата добија шанса да заиграат во иста екипа: Во Орландо веќе имало неколку милионери а франшизата им понудила на браќата по 6 милиони долари на за две години. 39-годишниот Доминик одигра 28 средби а 36-годишниот Џералд само шест и во летото ’99-та и двајцата завршија кариера.

4. Браќата Кинг 1986/1987

1.909.000
39% од вкупниот селари кап за таа сезона
Бернард (Њујорк) и Алберт (Њу Џерси)

На самиот крај од кариерата браќата Кинг заработувале иста сума како во сезоната 85/86 кога „плафонот“ за плати во НБА бил далеку понизок и затоа добивале 45% од платата. Но Бернард ја пропуштил целата сезона поради повреда а во 86/87 се појавил на 6 меча.

Чудно е што Алберт заработувал повеќе од својот легендарен брат Бернард Кинг.

3. Браќата Лопез 2015/2016

32.339.000
46% од тоталниот селари кап
Брук Лопез (Бруклин) и Робин (Њујорк Никс)

Во тековнава сезона во НБА лигата има рекордно најмногу браќа-близнаци: Морис (кои потпишаа „единствен“ договор со Феникс), близнаците Харисон, и најпознатите меѓу нив браќата Лопез.

Близнаците Лопез заработуваат повеќе од 34,4 милиони долари годишно. Минатата година браќата поптишаа нови договори со двете њујоршки франшизи: Брук зема максимална плата во Њу Џерси, а Робин заработува поскромно.

Интересно е што Брук му предложил на Робин да се пресели во неговиот дом во Њујорк, но овој одбил поради тоа што мачката на Брук „Пупен“ не сакала „да се дружи“ со Робин и го напаѓала.

До тој момент кога потпишаа договор тие станаа најбогатите браќа во историјата на НБА со годишна заработка од 100 милиони долари вкупно.

2. Браќата Гасол 2013/2014
34.146.373
58% од тоталниот селари кап за сезоната
Пау Гасол (Лејкерс) и Марк Гасол (Мемфис)

Интересно ќе биде да се види на крајот од кариерата на Шпанците (или Каталонците, како милувате) кој заработил повеќе. Постариот Пау веќе заработил 171 милион долари во НБА а треба да добие уште 32 милиони за оваа и за следната сезона.

Банкарската сметка на помладиот брат Марк е „поскромна“ со 87 милиони долари но во иднина му гарантираат уште подобра заработка. Во таквиот случај браќата Гасол би заработиле повеќе од 200 милиони долари и би станале убедливо најбогатите браќа кои некогаш играле во НБА.

Пред нив, таткото и синот Брајант (330 милиони земаше Коби) беа најскапо платените блиски роднини во НБА.

1. Браќата Грент 1996/1997
18.968.000
78% од тоталниот селари кап за таа сезона
Хорас (Орландо) и Харви (Вашингтон)

Летото 1996 година имаше многу слободни агенти и многу франшизи можеле да даваат висока плата, дури 44% подобро отколку во 2016-та година.

Главна ѕвезда тогаш беше Шекил О’Нил, а зад него се подредија Гери Пејтон, Реџи Милер, Денис Родман, Алонзо Морнинг, Дикембе Мутомбо, Тим Хардавеј, Стив Смит, Алан Хјустон, Џувејн Хауард, Пи-Џеј Браун, Кени Андерсон, Отис Торп, Антонио и Дејл Дејвис...

Слободни агенти таа година станаа и Мајкл Џордан, Хаким Олајџувон и Џон Стоктон.

Во таква ситуација слободниот агент Хорас Грент пред да стигне во Орландо од Булс земал 2,8 милиони долари годишно, но тоа било помалку од заработката на братот-близнак Харви Грент од Портланд кој земал 3,6 милиони долари. Харви летото заминал во Вашингтон кои се нарекоа „Булетс“ а Хорас Грент го продолжи договорот со Меџик според кој зема 50 милиони долари за 5 години.