Offside

Светскиот шампион Германија синоќа ја обедини и европската титула откако во големото финале ја совлада Турција во крајно драматична завршница. Интересно Германците од клупата не ги водеше Шпанецот Алекс Мумбру кој поради операција го следеше турнирот зад клупата, туку неговиот прв помошник Алан Ибрахимагиќ кој е роден во Белград.

Тежок мангуплак од слободен удар

Шведската трета лига испорача слободен удар каков што никој, ама апсолутно никој не очекуваше.

Швајцарците знаат да блеснат на трибина

Особено навивачите на Базел, кои неодамна беа многу креативни, а овој пат приредија спектакл на дуелот против Грасхоперс. Величествена атмосфера.

Тео му се сокри на чуварот позади Инѕаги

Интересна сцена од дербито Интер - Милан во Купот на Италија. Тео Хернандез во еден момент го измами својот чувар на необичен начин. Со трк позади Симоне Инѕаги. И тоа му успеа.

И Анчелоти е изморен од однесувањето на Винисиус

„Не зборувај, не зборувај, не беше фаул. Играј или ќе те сменам“, му вели Анчелоти на Винисиус. Потоа виде невиде, го повика Диаз да се загрева.

Тешка лакрдија во ВАР собата, бугарски судија се клади онлајн

Уште ова го немавме видено. Братот мисли дека е со другарите на клупи во маало.

Рафиња се изначуди на барањето на навивач

Најчесто тепачката е за дрес, некои знаат да побараат маица, а трети, ама поретко доаѓаат и до шорцот на фудбалерите. Е Рафиња го имаше најчудното барање од трибина, ама му учини. Завојот од раката му го побара, а потоа уште еден после него.

Турска свадба со гол од дербито Фенербахче - Галатасарај

Галатасарај повторно го победи вечниот ривал Фенербахче и тоа пак на гостински терен, овојпат 1-2 во четвртфинале на турскиот Куп. Нигериецот Виктор Осимен постигна два гола а едниот му беше прославен и на една свадба во Турција. Си продолжија со веселба ко најнормална снимка од видео-бим.

За ваков фаул за затвор ти даваш само жолт?

Во големото дерби на градот Ливерпул, црвените на својот „Енфилд“ со 1-0 минимално го победија Евертон кој изгуби за првпат после цели 10 меча без пораз со новиот тренер Дејвид Мојс. Во 11-та минута од мечот стоперот на „карамелите“, Џејмс Тарковски страшно со две нозе остро му влезе на Аргентинецот МекАлистер и го покоси. Доби само жолт картон од судијата Самуел Барот и покрај тоа што ВАР го гледал инцидентот горе во собата.

Галатасарај со брутален клип го исмева Мурињо

Португалскиот стратег го загуби дербито против Галатасарај, ама го загуби и компасот на крај, па фати да то тегне за нос Окан Бурук. Овие ни два ни три, на официјалните профили на социјалните мрежи објавија анимирано видео со Жозе, облечен во бел мантил како завршува во лудница. Насловот е „Мурињо, полудуваш од нас“.

УЕФА со голем конгрес во Белград, Делиите запалија косовско знаме

Во белградскиот „Сава центар“ се одржува 49. редовен Конгрес на УЕФА. На дневниот ред на Конгресот се неколку точки меѓу кои избори за Извршен комитет на УЕФА и Совет на УЕФА, а ќе се гласа и за буџетот за финансиска 2025/2026. На Конгресот УЕФА ја поканила и делегацијата на Косово па некој според протоколот на УЕФА за сите нејзини членки ставил и нивно знаме во „Сава центарот“. На навивачите не им требаше долго да го извадат и запалат.

Вестбрук пак се посрамоти на положување

Само еден ден откако Денвер Нагетс загуби од Минесота поради Расел Вестбрук, истиот играч ја повтори истата грешка и против Сан Антонио. Со таа разлика што овој пат глупоста не ја направи во последните секунди, туку на 4 минути до крај кога имаше чиста прилика за израмнување. Денвер - Сан Антонио 106:113.

Ама му легна на братов

Купишта фудбали неделава, посебно полуфиналиња во Куп. Најизненадувачко Куп финале имаме во Германија каде ќе играат Штутгарт против третлигашот Арминија Билефелд. Во полуфинале, Шутгарт синоќа го совлада Лајпциг со 3:1. Погледнете каква бомба испорача Анџело Стилер.

Што е со голчиштево на Тонали?

Њукасл го совлада Брентфорд со 2:1 во 30. коло од Премиер лигата. Мечот го реши Сандро Тонали со еврогол кој ретко се гледа, особено од една ваква позиција. Како ли му успеа од таму да го изненади голманот?

Јак муабет меѓу Тоти и Касано за Меси

Антонио Касано беше најголем европски талент на времето. Од родниот Бари дојде во Рома со која во 2001-ва освои Супер Куп на Италија. Беше страшен талент но не го оправда тоа на теренот пред се поради „проблеми со главата“. Беше конфликтна личност. Со Реал освои титула во Ла Лига а со Милан скудето во Серија А. Најмногу се памети по тандемот со Франческо Тоти во Рома.

Убави спортски манири на Рафиња

Пред две недели беше декласиран неговиот Бразил со 4:1 од Аргентина. Значи се работи за дебакл и ривалство, најголемо во Јужна Америка. Без разлика на сè, тој синоќа го чекаше Аргентинецот Де Пол да си сменат дресови после полуфиналето во Копа дел Реј. Реткост е ова, особено во време на надуени ега.

Чалханоглу против Милан, идентично како Де Бруjн против Реал

Турчинот ги постави конечните 1:1 на градското дерби во полуфиналето од Купот, а голот потсеќа на Кевин Де Брујн и пресметката меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид во ЛШ во 2023-та.

Не му доаѓа памет и не му доаѓа, тоа ти е

Џа Морант, суперѕвездата на Мемфис Гризлис и лидер на овој тим кој сигурно ќе игра во плејофот на НБА лигата, два пати беше драстично казнет од раководството на лигата поради тоа што еднаш мавтал со оружје во ноќен клуб во Денвер во 2023-та. За тоа го казнија 8 натпревари. Иста глупост направи после неколку недели, на Инстаграм во мај месец 2023-та во видео во живо мавтал со пиштол па НБА лигата го казни 25 натпревари. Сега трета среќа.

Барди ја искина мрежата против Трабзонспор, но не го прослави голот

Капитенот на Македонија постигна втор гол во дресот на Бодрумспор, овој пат во четвртфиналето од Купот на Турција. Но од респект кон неговиот довчерашен клуб, не сакаше да слави. Трабзонспор ја доби пресметката со 3:2 и оди понатаму.

Топот на Чаланоглу на дербито Милан - Интер

Фудбалерите на Милан и Интер одиграа 1-1 во првиот дуел од полуфиналето на Купот на Италија. И двата гола паднаа во вториот дел. Прво Тејму Абрахам искористи еден кикс на интеровата одбрана и со дриблинг се ослободи од својот чувар па погоди за 1-0 и огромна радост на трибините. Интер израмни во 67-ма минута со топовски удар на Хакан Чаланоглу и реми на крајот.

Неверојатно спасен гол на дербито Фенербахче - Галатасарај

Најголемото турско дерби Фенербахче - Галатасарај повторно помина со жестока тензија на теренот и на трибините. Жозе Мурињо и домашните изгубија 1-2 во четвртфинале на турскиот Куп и испаднаа. Галатасарај победи со головите на Виктор Осимен а стрелец за Фенер беше Шимански. Во буквално 103-та минута од судиското продолжение, стоперот Дајвинсон Санчез спаси чист гол на гол-линија со ножички!

Мурињо го штипеше за нос тренерот на Галатасарај

Галатасарај одново го совлада Фенербахче на Жозе Мурињо, овојпат на гостински терен 1-2 и пак главен јунак беше Нигериецот Виктор Осимен кој постигна два погодоци. Пред, за време и после жестокото турско дерби, имаше тензија и хаос а после мечот Жозе Мурињо во еден момент го тегнел за нос тренерот на Галатасарај Окан Бурук кој падна на теренот. Жозе го очекува казна за оваа постапка.

Барса го скроти Атлетико и закажа мегдан со Реал во финале

Фудбалерите на Барселона уште еднаш покажаа дека под водство на Ханси Флик се една од најсилните екипи на светот и дека не залудно се први на табела во шпанска Ла Лига. Синоќа на реваншот против Атлетико Мадрид во полуфинале од Купот славеа 0-1 на еден од најжестоките стадиони во Шпанија. Со голот на Феран Торес во 27-ма минута после сјајна асистенција на Ламин Јамал Барселона со вкупен резултат 4:5 оди во финале.

Прво промаши пенал, па ја префрли преку стадион

И Пољаците синоќа играа полуфиналето во Куп. На првиот дуел Погон Шчечин славеше 0:3 на гостувањето против Пучша Ниполомице. Домаќините имаа можност да израмнат на 1:1, но Артур Крачун го изеде срамот. Топката уште не може да ја најдат.