Нејмар со хеликоптер дошол во базата на Бразил

Бразилскиот ас дојде ровит во кампот на селекцијата на петкратниот светски шампион. Цела нација од него чека конечно да го однесе „Селесао“ во борбите за пехар во завршницата на еден Мундијал. Бразилците сонуваат пехар од далечната 2002-ра година, цели 24 лета. Нејмар дошол во кампот со негов личен приватен хеликоптер за да ги избегне гужвите и метежот.

Бројот 10 на Бразилците кој има 34 години нема играно од 17-ти мај поради повреда на десната потколеница и е во фаза на опоравок. Тој дошол во базата на Бразил во Тересополис близу Рио де Жанеиро.

Бразилците отвораат со Мароко во Њу Џерси на 13-ти јуни пред да се сретнат со Хаити и Шкотска во истата група Ц. Нејмар е најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Бразил со 79 гола на 128 настапи. Последен пат играше за „кариоките“ во октомври 2023 кога доживеа тешка повреда на лигаментите на квалификациски дуел за Светско против Уругвај.

Во јануари се врати во својот матичен клуб Сантос каде постигна 17 гола на 38 натпревари во сите натпреварувања. Селекторот на Бразил Карло Анчелоти го повика Нејмар на списокот од 26 фудбалери за Светско првенство.

„Отсекогаш беше физички проблем за него, тој може да ја подобри физичката состојба пред првиот натпревар на Светското. Искуството од ваков тип на турнири и поддршката која ја има во групата може да помогне да се направи одлична атмосфера“, рече Анчелоти. 

28 мај 2026 - 10:09