Како една средба со Пеп Гвардиола во такси му сменила живот на едно дете

Фудбалот пишува романи...

2016-та. Првиот ден на Пеп во Манчестер. 7-годишниот Брејдон Бент влегува во такси како дел од дневната турнеја низ клубот која Сити му ја организирал, а внатре го чека никој друг до Гвардиола.

По детска искрена реакција и шок му вика: „Со вас ќе ги земеме сите трофеи!“, а Пеп скромно му одговара: „Ќе се потрудиме“.

После 10 години Гвардиола заминува од Манчестер Сити на кого му остава 20 вредни пехари во клупскиот музеј.

Ова видео му го сменило животот на малиот Брејдон Бент. Дури не би претпоставиле колку: од тогаш Бент успеал да стане водител на Скај, да ги интервјуира Пол Макартни и другите познати ѕвезди и да стане познат лик.

Сега тој работи во Манчестер Сити, води престижни настани (пример церемонијата на британските филмски награди БАФТА) и дури ја рекламира Танзанија.

СÈ ПОЧНАЛО СО КОНКУРСОТ НА СРЕДБА СО АГУЕРО: БРЕЈДОН ГО ИМИТИРАЛ РАДУВАЊЕТО НА ЛЕГЕНДАРНИОТ ГОЛ ЗА ТИТУЛА ВО СПАЛНА КАЈ РОДИТЕЛИТЕ

„Тоа што се случи да се најдам во видеото беше лудо. Уште до назначувањето на Пеп, Манчестер Сити спроведе конкурес а главна награда беше средба со Агуеро во базата. Требаше да се прати видео со танц или да се сними песна. Просто да му го задржиш вниманието. Тој (Кун Агуеро) го изгледа видеото и го избрал победнико.

Секако јас знаев дека татко ми отсекогаш сонуваше да се сретне со Агуеро. Во спалната на родителите јас ја имитирав прославата на неговиот гол со КПР кога го соблече дресот и полуде. Кога сега гледам можам да кажам дека е тоа срамота“, се смее Брејдон за негово видео од дете.

 Малиот направил шоу во клупската база, ги засмевал сите со разни досетки и коментари на шпански јазик поради неговиот миленик Агуеро, па во клубот се заинтересирале за него. Тогаш на татко му му рекле на одење: „Ќе бидеме на линија“.

Пред доаѓањето на Пеп Гвардиола во Сити, му се јавиле на таткото на Брејдон Бент:

„Имаме идеја да го возиме Брејдон во такси со Пеп. Но во никој случај немојте да му кажете кој ќе биде во колата. Таткото мислел дека тоа е шега но воопшто не била. Му рекле и: „Брејдон е малечок, може да се исплаши или да замолчи. Во тој случај видеото нема да го пуштаме. Но ако е се во ред, ќе го ставиме видеото“.

„Јас не знаев дека таму ќе биде Гвардиола. Појма немав. Ми кажаа дека ќе одам во такси со возачот на Сити. Тој беше зад воланот. А таму беше и Пеп Гвардиола! Просто се шокирав!

Сè испадна добро: јас не замолчив, видеото излезе добро и ги разбрани друштвените мрежи. И секако од тој момент животот ми се смени. Тешко е да се замисли дека што се се случи со мене во тие десет години стана возможно благодарение само на малиот конкурс каде го глумев Агуеро“, вели Брејдон.

На прашањето по што го памти тој ден, денес 17-годишниот Брејдон Бент вели: 

„Искрено да кажам до ден денес тоа е најдобар ден во мојот живот. Не памтам се од 7-годишна возрасст но тој ден го запомнив во детали. Кога го здогледав Гвардиола бев апсолутно шокиран! Се гледа и по реакцијата: „Вие сте ова навистина?“ Уште и кажав дека ќе ги освоиме сите трофеи. И ете за десет години ги земавме сите трофеи па дури и повеќе. Ми се даде да поминам време веројатно со најголемиот тренер на сите времиња. Да го видиш Пеп до тебе е шок. Но тој брзо направи некои фини гестови за да ми биде покомфорно, ме гушна, ми се насмеа... Благодарение на тоа брзо станав поспокоен“.

Додека растев цел живот го гледав Пеп во Сити. Тоа видео е почеток на неговата историја во клубот а денес е неговиот последен ден тука“, вели Брејтон.

Како реагираа во школо кога видеото излезе? Што викаа врсниците?

„Тоа беше неверојатно, се случи нешто неверојано. Сите околу мене викаа: „О мој Боже! Како беше? Кажи ни за Пеп!“

До сега ме застануваат во школо и не ме знаат пример по тоа што го работам денес туку по видеото па ме прашуваат: „Ти беше во тоа видеото со Пеп во такси?“ Кога одам на фудбал секој пат некој ме застанува“, додава Брејдон.

А имаше и љубоморни?

„Секако. А како поинаку? Сити не предупреди дека ќе има и такви на кои видеото нема да им се допадне. Тогаш моите друштвени мрежи ги водеше мајка ми па јас не гледав многу. Но знаев на пример дека на Твитер имаше многу негативности. Дури и за седумгодишно дете луѓето можат да напишат ужасни работи. Мислам просто непријатно им е што седумгодишно дете го работи тоа што тие го сонуваат“.

Ти цел живот си за Сити?

Тоа е наша голема семејна историја. Татко ми има сезонска уште од 1996-та но многу претходно почнал да оди на стадион, со дедо ми кој се вљубил во Сити во '70-те години. Мајка ми и баба ми исто навиваат за Сити и сите од нејзина страна.

Дедо ми и татко ми ја бодреле екипата дури и во Чемпионшип кога била никаква. А после моето раѓање... Се што памтам е како Пеп Гвардиола бере трофеи.

Сега јас работам во Манчестер Сити и тоа е просто неверојатно чувство: да се биде дел од клубот кој така силно го сакаш“.

Во видеото ти велиш дека Пеп Гвардиола со Манчестер Сити ќе ги освои сите трофеи. Веруваше во тоа?

„Секако! Кога Пеп дојде веднаш почуствував дека е крал. Со него знаеш што ќе биде. Тој го смени и клубот и животот на луѓето кои со него се поистоветуваат. Гвардиола е и неверојатна жртва. Последните десет години Пеп реално го стави Манчестер Сити на прво место во животот. Што друго да побараш од тренер?

Со татко ми одевме на финалето на ЛШ во Истанбул и тоа беше мое прво гостување во еврокуп. Еден од најдобрите денови во мојот живот. „Еден од“ зошто најдобар е тој денот - со Пеп.

Каков впечаток ти остави Пеп?

„Прекрасен е! Ако го гледаш видеото ќе приметиш како трогателно се однесува со мене, мало дете. Ние реално мило разговараме нели? Паметам дека во глава ми се вртеше: Со него ќе освоиме се. Просто таква аура има. Кога си до него знаеш дека ќе победи.

Тогаш просто ми беше лудо да го гледам од близу, да го видам првиот ден во Манчестер“.

Зборуваше после тоа со Пеп?

„Се среќававме почесто кога бев помлад. Во последно време многу ретко. Но имаше забавна епизода кога имав 10 години. Со мене беше многу близок еден од помошниците на Пеп и по освоената титула во Премиер лига ме викна од трибините: „Спушти се да се видиш со Пеп!“ Тогаш се најдов во кабинетот на Гвардиола и Пеп запеа: „Кампеееооооонеееес, Кампееееееооооонес!“. Пеевме кај него во кабинет. Тогаш си помислив: „Боже што се случува? Јас пејам во канцеларијата на Пеп“.

После се видовме уште неколку пати и Пеп секогаш беше крајно мил. Секогаш се понесуваше како добар школски наставник: „Како школото? Кога тестови? Пазиш ли на оценките“?

28 мај 2026 - 12:12