Offside

Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.

Палермо да ви покаже како се организира акцииште во први 10 секунди

Фудбалерите на Палермо се борат за кам бек во Серија А, а ова што го одиграа не сме го виделе ниту од Барселона и Реал Мадрид. Акција во пет потези и голчиште и тоа во првите 10 секунди од средбата против Специја. Махери.

Руни за дечкото со косата: „Би го фрлил негде на крај од земјава, ми досади“

Младиот навивач на Манчестер Јунајтед Франк Илет стигна до 1 милион и 200.000 следбеници на Инстаграм. Лани тој стана познат откако се појави видео на кое тој со долга, пуштена коса рече дека нема да се шиша сè додека Манчестер Јунајтед не победи 5 натпревари по ред. Стигнаа до 4 триумфи во серија во Премиер лига и синоќа пред дуелот против Вест Хем беше спремен за бербер и машинка. Ама Јунајтед едвај извади 1:1 во 90+4' минута до дуелот.

Кол Палмер го има промашувањето на сезоната и тоа за победа во 94-та

Челси одигра само 2:2 против Лидс во 26. коло од Премиер лигата, откако гостите се вратија со два комада за само 6 минути во вториот дел. Домаќините испуштија чисти 3 бода. Кол Палмер имаше нестварно промашување во 94-та минута. За глава се држеа сите.

Докторски изведен пенал на Елмас, Милинковиќ сељачката на сила

Наполи е елиминиран во четвртиналето од Купот на Италија од Комо, кој оди во полуфинале после 40 години. Мечот заврши 1:1 во регуларниот дел, 8:7 на пенали откако Лукаку го утна цел гол, а Лоботка го промаши последниот пенал. Елиф Елмас го одигра цел натпревар и изведе перфекција од 11 метри, а Вања Милинковиќ Савиќ ги изнасмеа сите со ударот.

Згрми македонската химна во Италија, Катерина Ацевска освои златен медал во џиу-џицу

Македонската џиу-џицу натпреварувачка, Катерина Ацевска, ја отвори новата сезона на најдобар можен начин, со златен медал на силниот гранпри-турнир „Џенова опен“.

Евроголот на Собослаи од навивачки агол кој не се брише од телефон

Ливерпул прокоцка голема победа против Манчестер Сити откако поведе со голчиште за најавни шпици на 15 минути до крајот на средбата. Пазете ликов од каде успеал да го фати. Нема послатко.

Олимпискиот зимски принц од Норвешка освои и 7-мо злато во кариерата

Неверојатниот Норвежанец Јоханес Хесфлот Клебо победи во денешниот олимписки спринт во скијачко трчање и наскоро би можел да стане најуспешниот зимски олимпиец на сите времиња. 

Злато за чудесната Јапонка со луд скок од 1620 степени

21-годишната Кокомо Мурасе во ноември во Аспен во САД го изведе првиот „бексајд трипл корк 1620' скок кој навистина изгледа чудесно и како да е производ на вештачката интелегенција, но не е.

Карлинг на италијански начин

Карлингот има 100 годишна традиција на олимписките игри, а постојат тврдења дека датира од 16 век. Него нас друго ни е муабетот. Има ли паста во тенџерињата или со празни играат?

Прием и лоб на месецот во Јапонија

Во првото коло од втората лига во Јапонија позната како Ј2 лига, Вегалта го победила Точиги Сити 1-4 а последниот гол за гостите кој го дал Ајуму Фуруја бил маестрален. Прием и лоб врвни.

Ставре Јада ја заврши трката на 89 позиција

Македонија го имаше првиот претставник на Зимските Олимписки Игри во Милано и Кортина. Настапи Ставре Јада во Нордиско скијање (крос-контри). 

Што би маж без жена?

Канадскиот тандем во уметничко лизгање Пајпер Гилес и Пол Пуарје е на трето место после ритам-танцот на Олимписките Игри во Милано и до крајот имаат големи шанси за медал. Но ситуацијата на мразот за нив ќе беше многу посложена да не беше врвната снаодливост и изведба на партнерката која ги спаси двајцата од казнени поени.

Јута Лердам, симбол за убавина на Зимските олимписки игри

Брзо лизгање не е популарен спорт кај нас, ама во Холандија е најпопуларен и од сега ќе почнеме да глумиме Холанѓани. Причината е 27 годишната Јута Лердам, седумкратна светска шампионка, а од сега и олимписка. Има 5,5 милиони следбеници на Инстаграм. Атракција е типката. Џејк Пол вечерал со Господ.

Во Турција го учеа скромниот и срамежлив Канте да урла

Фенербахче го совлада Генчлербирлиги 3-1 и ја продолжи потрагата за лидерот Галатасарај кој на табела им бега 3 бода. Свое деби имаше легендарниот Нголо Канте (34) кој одигра 62 минути. После мечот фудбалерот Исмаил Јуксек и другите соиграчи од Фенербахче тргнаа кон навивачите и го учеа Канте за традиционалното навивање со одбројување 1, 2, 3. Тој кутриот скромен и срамежлив не е за тоа.

Џејк Пол пукаше од емоции за златниот медал на вереницата

Најдобрата холандска лизгачка, Јута Лердам имаше фантастично издание на Зимските олимписки игри откако беше најбрза на 1.000 метри.

Се огласи Линдзи Вон: „Ова не е бајка со среќен крај, туку живот“

Откако ја евакуираа со хеликоптер од патеката по страшниот пад во кој скршила нога, славната американска скијачка била префрлена во локалната болница а потоа преселена во Тревизо каде во понеделникот ја оперирале. Сега се огласи.

Додека да се разбуди човек, Јокиќ пак направил трипл-дабл

Никола Јокиќ оствари трипл-дабл во трет натпревар по ред. На Оскар Робертсон му избега со два повеќе и сега прашање на време е кога ќе го стигне и Расел Вестбрук на првата позиција. 

Жестока тепачка во Шарлот, интервенираше и полицијата

Хаос настана во третата четвртина од мечот меѓу Шарлот и Детроит, кој Пистонси го добија со 110:104. Муса Диабате го фаулираше Џален Дурен под кош и од таму почнаа турканиците, тензијата, но и бркањето по цел терен во кое се вклучија повеќе играчи. Редарите и полицијата се обидоа да ги разделат, а судиите после преглед на снимката исклучија по двајца кошаркари од двата тима.

На братов треба со Марадона да му се обраќаат во маало

Земете урамете му го голов и делете го по скаути. Дечково е за на големите фудбалски сцени.

Надреален автогол во Шпанија

Пет пати го изгледавме видеово пред да го објавиме. Значи му ја краде од зад грб и сè е тоа супер, ама после тоа си дава автогол, ама не по негова вина. Со маалски речник, ова се вика „Тргни се бе глуп, ја имав“. Инаку се работи за мечот Саламанка - Нумансија во шпанската втора лига кој заврши 1:1.

Жоаким Ноа и Чикаго Булс на дерби во Белград

Некогашната ѕвезда на Чикаго Булс кој играше уште и за Њујорк Никс, Мемфис Гризлис и Лос Анџелес Клиперс, Жоаким Ноа сега на 40 години шета и патува по светот и ужива во слободното време. Тој ја води патувачката емисија Номад која што ја прикажува на Јутјуб каналот. Неодамна беше на дербито Партизан - Црвена звезда во Белград и собрал само позитивни впечатоци од балканската кујна и атмосферата на дербито.

Нова магија на Антони, ги олади Атлетико Мадрид и 70.000 гледачи

Атлетико Мадрид и Бетис во само 4 дена одиграа многу чудни натпревари. Прво во четвртокот вечер Атлетико на гости го згроми Бетис со 0-5 во четвртфинале на шпански Кралски Куп. А во неделата вечер пред 70.000 свои навивачи, на свој стадион изгуби 0-1 од Бетис. Најдобар играч на натпреварот беше Бразилецот Антони.

Од студот до олимписката светлина: 11 годишното момче кое Италија не го заборави

Олимписките игри со еден гест ја испратија нивната долгогодишна суштинска порака, а тоа е човечност, солидарност и надеж.

Заради груб фаул над наш фудбалер, бараат да биде уапсен и депортиран

Австралискиот нисколигашки фудбал, ни го носи насилникот на годината. Се работи за напаѓачот на Спирит, Калум Кили, кој намерно, без топка го повреди дефанзивецот на Шаркс, Џејми Перчевски, кој инаку има играно за младинските селекции на Македонија. Судијата му даде втор жолт картон, а нашиов се превиткуваше од болка, додека Кили ги креваше рацете од болка и се правеше на тошо.