Мајкл Џордан му оддаде почит на големиот Пеп

После 10 успешни сезони, Пеп Гвардиола го напушта Манчестер Сити како најтрофеен тренер во историјата на клубот. На емотивната проштална вечер за Пеп во арената „Ко-Оп Лајв“ пред околу 19.000 гледачи преку видео бим пораки до Гвардиола праќаа многу познати лица. Едно од нив е и најголемиот светски кошаркар на сите времиња.

„Само сакам да ви честитам за неверојатната кариера. Уживајте во пензионирањето. Среќно на терените за голф и држете ги вашите удари исправени. Честитки!“, рече Џордан преку видео порака прикажана на големиот екран.

„Не знаев дека ме познава“, додаде Гвардиола после пораката на славниот Џордан.

27 мај 2026 - 08:38