Њујорк Никс е финалист после 27 години

Кливленд се соочи со чистка во финалето на Истокот од 4:0. Точка на доминацијата беше ставена во четвртиот натпревар, кој Никси го добија со неверојатни 130:93.

Четата на Мајк Браун одигра натпревар од соништата, а тоа најдобро го покажува статистиката: 60:33 во скокови, 33:21 во асистенции, 19 тројки од 43 обиди.

Карл Ентони Таунс беше најдобар со 19 поени и 14 скока, Оуџи Ануноби постигна 17, Ландри Шамет 16, Џејлен Брансон и Микал Бриџис по 15.

Во поразениот тим Донован Мичел беше одличен со 31 поен, но немаше поддршка од своите. Еван Мобли го заврши мечот со само 15 поени, а Џејмс Харден постигна 12.

За МВП на финалната серија на Источната конференција беше прогласен Џејлен Брансон со 25,5 поени и 7,8 асистенции.

За Никс ова ќе биде прво финале после 27 години. Во таа 1999-та загубија од Сан Антонио и сега повторно постои шанса да се сретнат со нив, ако Спарси ја елиминираат Оклахома. Резултатот таму е 2:2.

Њујорк сонува за НБА титула од 1973-та.  

 

26 мај 2026 - 08:06