Offside

Се потрудиле луѓето за водење социјални мрежи во НБА, да ни направат празник за очи со најдоброто од 2025-та, кога се во прашање асистенциите. 3 од 10 се на Јокиќ.

Суспендиран англиски фудбалер: Уплатил 6.397 тикети, се кладел и од клупа за резерви

Сигурно никогаш не сте слушнале за Рајан Боумен, 33-годишен англиски фудбалер кој цела своја кариера ја поминал во пониските лиги на англискиот фудбал, а најголем дел од кариерата играл за Шрузбери и Челтнем во трета и четврта дивизија.

Модриќ покажа интересна фотографија од детството

Хрватската легенда ги мина лекарските прегледи и го облече дресот со број 14 на 7 кратниот европски првак. Милан го пушти првото видео со него. На Лука му се исполнил детскиот сон.

Топ 8 збогувања на летото

Четири клубови се збогуваа со своите икони ова лето, а пак други четворица исто така славни имиња, завршија со своите кариери. Де Брујн и Модриќ продолжија во Серија А, а Милер и Варди сè уште немаат клубови. Фотографијава е преполна со емоции.

Зидан го погоди песна

Скоро и да нема трофеј кој Зинедин Зидан не го освои во играчката и тренерска кариера. Веќе подолго време ужива во слободните денови, далеку од напорниот фудбалски календар.

Човечноста на Дарвин Нуњез

Трите дена на 26 годишниот напаѓач на Ливерпул и селекцијата на Уругвај.

Кампацо на баскет ко Џордан

Аргентинскиот волшебник на еден ревијален натпревар во една населба во Барселона покажал нешто од својата раскошна магија.

Лекција број 1 од Тони Крос за син му

Млад отиде во пензија, трофеен до даска, задоволен, опарен. Време има на претек. Па да се почне од основните фудбалски вештини кои ќе му бидат потребни на син му, ако реши да се занимава со фудбал. За тоа се потребни топки и корпа.

Еволуцијата на Синер кој стана совршен тенисер

Од Лондон, потекнува последната пресвртница на патувањето што го започна пред три години. Сè е смртоносно оружје во него. Играта, физичката спремност, психата.

Со ваков гол да го распалиш Монументал на Ривер

На почеток на сезоната во аргентинската Примера Дивизион, во 1. коло Ривер Плејт со 3-1 го совлада Платенсе. Отвори Факундо Колидио со прекрасно голчиште во 7' минута кога „Монументал“ падна во делириум.

Модриќ со насмевка се појави во Милано

Расположен и елегантен, најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид е веќе дел од Серија А и тимот на Милан. 

Меси реди слободни удари како од шега

Веќе станува тешко да ги пофатиме сите голови и мајстории на Лео кој на 38 години игра како сега да му почнува кариерата. На последните 5 средби во МЛС има 10 гола, по 2 на секој натпревар, нешто што не му успеало на никој во американскиот фудбал. Плус запиша 5 асистенции. Од 2018-та има постигнато повеќе голови од слободни удари (35), од пенали (33). Нестварни бројки. Интер Мајами - Нешвил 2:1.

Палмер си поигруваше со европските прваци

Кол Палмер е дефинитивно главна фаца на Челси, кој одлучува големи натпревари. Блесна против ПСЖ со два гола и асистенција и беше прогласен за играч на финалето. 

Кој е според Трамп најдобар фудбалер на сите времиња?

Претседателот на САД беше мошне активен по финалето на Светско клупско првенство меѓу Челси и ПСЖ (3:0). На стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, Трамп доделуваше пехар, остана со играчите на подиумот а после мечот давал изјави.

Хаос пред Олимпико за Дибала кој не им застана

Многу клубови во Европа ги стартуваа подготовките за новата сезона која стартува следниот месец. Играчите се враќаат од одмори, ама некои не ги рецкаат своите навивачи кои чекаат и молат за селфи. Пауло Дибала ги разочара своите.

Тортата на Ламин Јамал за 18-ти роденден била гангстерска

Долго време се најавуваше и конечно Ламин Јамал направил голема журка по повод својот 18-ти роденден. Полнолетството го прославил со преку 200 гости. Забавата почнала во 20:00 а поканетите не смееле да влезат со мобилни ниту камери кои се оставале пред врата за да се заштити интимноста на фудбалерот. Биле Левандовски, Кубарси, Марк Касадо, Гави, Балде. Му пееле Bad Gyal, Quevedo, Март Дијаз и Озуна. Тортата му била во гангстерски стил.

Македонија стана европски шампион во Дота 2

Македонската репрезентација постигна историски успех и се закити со титулата европски шампион во Дота 2 на Европското е-спорт првенство. Македонските репрезентативци беа доминантни во популарната видео игра уште во групната фаза со 4 победи и ниту еден пораз. Во полуфинале ја совладаа Романија со 2:0, а во финале Белорусија со 2:1.

Емоции и многу тага на првиот меч на Ливерпул без Жота

Ливерпул му гостуваше на Престон во пријателски предсезонски натпревар (1:3), кој целосно мина во знакот Диого Жота и неговиот брат кои загинаа во собраќајна несреќа.

Кол Палмер се бунеше против Трамп на сред терен

Човекот кој го реши финалето на Конференциска Лига Челси - Бетис, синоќа беше играч на мечот откако во големото финале на Светско клупско првенство постигна 2 гола и имаше една асистенција во победата 3-0 против ПСЖ. Англискиот репрезентативец Кол Палмер ја доби наградата за Играч на мечот од Доналд Трамп а после се бунеше и кога овој го доделуваше пехарот.

Луис Енрике изгуби нерви па го фати Жоао Педро за врат

По крајот од големото финале на Светско клупско првенство кое Челси го доби откако со 3-0 го разби ПСЖ, фудбалерите на Парижаните и тренерот Луис Енрике влегоа во конфликт со ривалите. Прво Донарума нешто се расправаше со Жоао Педро и неговиот сонародник Енцо Мареска за да подоцна Луис Енрике се вмеша и го оттурне Бразилецот кој од пред десетина дена е во Челси.

Челси го распарчи ПСЖ и стана Светски клупски шампион

Фудбалерите на Челси се прваци на првото ново издание на Светско клупско првенство во нов формат, откако синоќа со 3:0 (3:0) го растурија европскиот шампион ПСЖ.

Јаник Синер е нов шампион на Вимблдон

Најелитниот тениски турнир во светот го смести во својата 148 годишна историја првиот Италијанец кој се искачил на тронот. Прв пораз на Алкараз во финале на Гренд слем. Прво финале на Вимблдон од 2018-та без Ѓоковиќ.

Швјонтек го освои Вимблдон со 6:0, 6:0

Една од најдобрите тенисерки на светот во последните неколку години, Ива Швјонтек од Полска ја освои шампионската титула на Вимблдон откако ја декласираше Аманда Анисимова од САД со 2-0 по сетови 6-0 и 6-0. Швјонтек играше како во транс а неискусната ривалка немаше никаков одговор на врвната партија на Ига. Ова е нејзин прв трофеј во сингл конкуренција на Вимблдон и стана прва тенисерка од Полска со пехар на престижниот Гренд Слем.

Чудната тактика на ПСЖ со почетниот удар

Европскиот шампион е најдобра екипа во моментов во Европа и тоа го докажа на Светското клупско првенство каде убедливо стигна до големото финале каде ќе игра против Челси. ПСЖ ги преслуша сите ривали а со интересната тактика со почетен удар ја префрлаа топката во незгодна зона за ривалот.

Винисиус е тотално вон форма

Реал Мадрид доживеа дебакл во полуфинале на Светско клупско првенство откако европскиот шампион ПСЖ ги декласираше со 4:0. „Кралскиот клуб“ одигра прилично слабо Светско клупско првенство а една од најбледите сенки беше Бразилецот Винисиус кој е надвор од форма.