Емотивно збогум на Пеп Гвардиола

Јули 2016 - мај 2026. Завршува 10 годишната ера на Пеп на Етихад. Најуспешниот тренер во историјата на Манчестер Сити со 20 трофеи: 6 титули во Премиер лига, 5 Лига Купови, 3 ФА Купови, 3 Комјунити Шилдс, како и по една Лига на шампиони, Светско клупско првенство и Суперкуп на УЕФА. Каталонецот кој направи револуција во клубот, ќе остане и понатаму поврзан со клубот, овој пат во улога на глобален амбасадор, работејќи на специфични проекти и соработки.

100-те бода во Премиер лигата што Сити ги собра во 2017/18 година се рекорд во сите натпреварувања. И други рекорди во Премиер лигата паднаа таа сезона. Рекордни 106 гола, најмногу победи (32), најмногу бодови на гости (50), најголема гол разлика (+79) и најголема разлика во победи (19 бода) во историјата на Премиер лигата.

22 мај 2026 - 13:32