Чекајте полека, да видиме дали сме шампиони

Трофејниот Клуб Бриж повторно е шампион на Белгија, по 20-ти пат во клупската историја. Во четвртокот вечер, во 9-то и претпоследно коло од доигрувањето за титула во белгиската Јупилер Про Лига, Клуб Бриж одигра 2-2 на гости кај Мехелен и до последен момент чекаше како ќе заврши дуелот меѓу ривалот за титулата Унион Сен Жилоа и Гент.

Кога судијата на другиот натпревар свирнал крај и мечот завршил 0-0, навивачите на Клуб Бриж и тренерите трчаа по теренот кон навивачите да прослават иттула.

22 мај 2026 - 09:38