Offside

Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.

Лејкерс победи, Дончиќ се повреди

Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја совладаа Филаделфија 119:115 но останаа без нивниот најдобар играч Лука Дончиќ кој во 15' минута од натпреварот мораше да излезе од теренот и се држеше за задната ложа. До тој момент Дончиќ имаше 10 поени, 4 скока, 3 асистенции и дури 5 изгубени топки за 15 минути.

Врвен деби настап на 38 годишниот Бензема за Ал Хилал со хет-трик

Постигна 354 гола за Реал Мадрид и се изнаосвои трофеи. Но, никогаш не се презасити и веќе има фантастични 60 гола како ветеран во Саудиска Арабија.

Мициќ, ти преживеаја ли колената?

Валенсија го совлада Хапол Тел Авив во Евролигата после продолженија. Издвојуваме еден дуел од таа средба меѓу Мициќ и 10 години помладиот Жан Монтеро. Остај што го мрдна, туку и физикална му закажа во 8 Септември.

Сони Плејстејшн акција на Атлетико Мадрид, го развалија Бетис 0:5

Атлетико Мадрид е нов полуфиналист на шпанскиот Кралски Куп откако синоќа до врв ја наполни мрежата на Бетис и славеше 0:5 на тешкото гостување. Тимот на Диего Симеоне игра топло-ладно сезонава, но синоќа го искали во Андалузија сиот насобран бес од некои неуспешни натпревари. Деби гол имаше и новото скапоцено засилување од Аталанта, Адемола Лукман кој дојде за 35 милиони евра плус бонуси и кој постигна гол за 0-3 во 37-ма минута. Еден од головите на Атлетико беше после маестрална акција.

Бомба на Барди од 20 метри

Коњаспор со 5-0 го декласираше третолигашот Алиага во Купот на Турција, а во листата на стрелци се запиша и Енис Барди. Капитенот на Македонија ја опали квалитетно и го запиша првиот гол за оваа година или вкупно петти сезонава.

Песна за Роналдо од татко му на Леао

Ајде малку петочки во ритам со татко му на Рафаел Леао, Франк Леао кој компонираше песна во чест на роденденот на Роналдо кој вчера наполни 41 година. Не знаеме за вас, ама нас вака ни се слуша рефренот: Кристијано о Ристе Роналдо :).

Во НБА судиите му допуштаат по 7 чекори на Шеј

Смешно, вели авторот на твитот и додава дека правилата во НБА не важат за Шаи Гилџес-Александер и дека ова е само една од причините зошто НБА ја изгуби популарноста кај гледачите. Мајкл Џордан никогаш не би изгубил натпревар да бил волку фаворизиран кај судиите.

Два можеби најлуди гола некогаш видени

Првиот гол е на Миралем Пјаниќ на дуелот Јувентус - Болоња уште додека Кристијано Роналдо играше за Јуве, на 18-ти октомври 2019-та. По една неверојатна гужва во шеснаесетникот на Болоња, Пјаниќ постигна гол за 2-1.

Во историјата на фудбалот немало ваков пенал, коментаторите се смееја

Хрватот Дује Чалета-Цар од Реал Сосиедад, направи нестварен пенал на мечот против Алавес во Купот на Шпанија. При водство од 2:1 за неговиот тим, му го соблече дресот на противникот и му го стави на лице да не може да гледа. Судијата ја гледаше ситуацијата на ВАР по што му даде жолт картон. Гостите промашија и го загубија мечот со 3:2.

Како Канаѓани играат тенис?

Ова е толку интересно што доколку некогаш стане олимписки признат спорт, би имал голема публика.

Феноменален потег на Рони О'Саливен кој испадна од Кинез

Легендарниот Рони О'Саливен испадна рано во осминафинале на Светското Гран При во снукер откако подобар од него беше Кинезот Сијао Годун. Од турнирот испаднал уште еден голем фаворит, Бари Хокинс кој бил елиминиран од Чан Анда од Кина.

Како ги памти поздравите со сите?

Еден од најдобрите НБА кошаркари во историјата, Леброн Џејмс во 23 сезони во лигата имаше неколку рутини а една попозната му беа различните поздрави со секој соиграч посебно во сите екипи каде што играше. Некои навивачи во шега велат дека тој „знае околу 100.000 поздрави напамет“.

Прв инцидент на ЗОИ, норвешки скијач со хеликоптер го однесоа во болница

Фредрик Мелер доживеа тешка повреда при пад во спуст, на првиот тренинг во пресрет на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, кои официјално стартуваат во петок.

Почнуваат Зимски Олимписки Игри 2026

Натпреварите на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина започнаа пред официјалното отворање закажано за петок вечер во Милано. ЗОИ стартуваше со мешани двојки во карлинг, а допрва следуваат врвни средби во хокеј на мраз, лизгање, скијање и сноуборд, дисциплини кои ќе бидат во фокусот на Зимските Олимпски Игри.

Врвен трик шут во ракомет, еден од најјаките во историја

Мангупот е Уве Генсхајмер, кој кариерата ја мина во Рајн Некар и ПСЖ и кој пред една година се повлече од ракометот. Настапот е Ол стар во Бундеслигата, одржан пред точно 14 години. Ова е дечки генијално.

Историски трипл-дабл на Никола Јокиќ, Денвер поразен од Брансон и Никс

Српскиот репрезентативец заигра во одлична форма после долгата пауза поради повреда па после првиот дабл-дабл учинок по враќањето, синоќа забележа и трипл-дабл. Денвер Нагетс изгуби после дури две продолженија 134-127 во супер интересен дуел против Њујорк Никс на гости во „Медисон Сквер Гарден“.

Пакета на деби во Бразил доби жолт картон во 4' минута

Бразилскиот трофеен клуб Фламенго му плати на Вест Хем 42 милиони евра и тоа е најскапиот влезен трансфер во историјата на бразилскиот фудбал. Пакета на 28 години се враќа дома во татковината по настапите за Милан, Лион и Вест Хем во Европа. Имаше секаде сјајни настапи но пред крајот на престојот во Лондон го обвинија дека наводно намерно правел жолти картони а негови пријатели и роднини во Бразил се кладеле на тоа. На крајот судот не најде никакви докази, го ослободи од секаква вина. Пакета дебитираше за Фламенго и доби жолт картон во 4' минута против Интернасионал.

Фино се посмеавме, отидов уште една банана да залепам

Португалецот Немијас Кета од Бостон е печен за најсмешни видео инсерти во НБА, ама во друшто на Дикембе Мутомбо. Пазете што направи царот. Блокада, па смеење со публика, па уште една блокада.

Брат за брат, асистенција за гол

Валенсија имаше активен резултат во четвртфиналето на шпанскиот Кралски Куп против Атлетик Билбао се до последните секунди од мечот кога Ињаки Вилијамс на асистенција на 6 години помладиот брат Нико Вилијамс постигна гол за 1-2 и победа. Столе Димитриевски одбрани пенал во 75' минута но на крајот Валенсија испадна од Купот.

Голчиште на Ендрик, топ му оди во Лион

Лион го совлада Лавал и обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот на Франција. Отпорот на второлигашот го скрши Ендрик во 80-та, кој го пробуши голот со силен удар. 19 годишниот Бразилец е во фантастична голгетерска серија откако Реал го испрати на позајмица. Од дебито на 11 јануари има постигна 3 гола во првенство и 2 во Куп.

Фантастично одбранет пенал на Столе Димитриевски

Голманот на Македонија одново покажа зошто заслужува поголема минутажа во Валенсија. Фати пенал во четвртфиналето од Купот на Шпанија против Атлетик Билбао и тоа во 75 минута при резултат 1:1. Но, сепак Валенсија не издржа до крај и прими гол во 96-та минута. Во полуфинале ги однесе Ињаки Вилијамс.

Одличен гол на Бојан Миовски, висок триумф на Ренџерс

Се вжешти трката за титулата во шкотскиот фудбалски шампионат. Хартс загуби, Миовски погоди, Глазгов Ренџерс победи.

Каков е овој чуден начин на шутирање?

Во колеџ лигата во САД, забележано е едно необично шутирање на тројка. Прецизно, но атипично.

Ретко видео од Работнички во 1979-та

Славниот најтрофеен македонски кошаркарски колектив КК Работнички со 15 шампионски титули сè уште е прв на вечната табела на прваци во земјава. Црвено-белите веќе неколку години се далеку од борбата за шампионскиот трон а навивачите се надеваат дека брзо ќе се врати славното време на големи успеси. Како во таа 1979-та кога ги водеше Лазо Лечиќ.