Со два страшни гола Астон Вила го совлада Фрајбург и е шампион во Лига Европа

Докторот Унаи Емери по неверојатен петти пат го освои шампионскиот трофеј во Лига Европа, откако вечерва ја водеше Астон Вила до убедлива победа од 3-0 над германски Фрајбург. Емери е апсолутен рекордер и тешко некој да го стигне во догледно време.

Астон Вила кого од трибините ја бодреше и нивниот најпознат навивач принцот Вилијам со пријателите, освои прв трофеј после 30 години!

Тимот од Бирмингем со 3-0 го декласираше Фрајбург и ја оправда фаворитската улога. Екипата на Унаи Емери стигна до прв пехар после 1996-та година кога го освоија англискиот Лига Куп.

Генерации и генерации навивачи на Вила чекаа ваква прослава од соништата. Виолетовите на времето во 2001-ва и во 2008-ма го освојуваа и Интертото Купот на УЕФА кој веќе одамна згасна.

По неколку сериозни напади и целосна офанзива, Астон Вила конечно поведе во 41' минут и тоа со страшен гол на Јури Тилеманс. Белгиецот начека еден прекрасен центаршут на Морган Роџерс и распали волеј за 1-0:

После само неколку секунди, на истекот на првиот дел, по ремек-делото на Тилеманс, стигна уште поневеројатен гол. Еврогол! Стрелец Аргентинецот Емилијано Буендиа:

Конечните 3-0 ги постави Морган Роџерс во 58' минута. Победата на Астон Вила значеше и рекорден 5-ти пехар за доктор Унаи Емери во Лига Европа. Досега освојуваше 3 трофеи во овој турнир со Севиља, 1 со Виљареал и сега со Астон Вила.

20 мај 2026 - 22:58