ФК Шкендија нека се спрема за казни по повеќе основи. Балистите ја исвиркаа македонската химна, користеа пиротехника и се истакнаа со националистички скандирања за време на Куп финалето против Силекс кое го загубија со 1:0. А пак фудбалерите се однесуваа аматерски и ги игнорираа повиците за примање на медалите.