Неверојатен скандал: Саутемптон исфрлен од бараж за Премиер лига - снимале туѓ тренинг

Најлудата вест на сезоната од европскиот фудбал доаѓа од Англија каде Фудбалската асоцијација го исфрли Саутемптон од финалето на баражот закажано за сабота против Хал. Причина за тоа е што ги фатиле како го шпионирале тренингот на Мидлзборо претходно.

Саутемптон е исфрлен од финалето на доигрување за пласман во Премиер лига и казнет е со -4 бода за следната сезона поради тоа што го шпионирале тренингот на Мидлзборо. Оваа одлука ја донела дисциплинската комисија откако Англиската фудбалска лига (EFL) го обвинила Саутемптон за кршење на правилата.

Пред неколку дена, пред дуелот меѓу Саутемптон и Мидлзборо во полуфинале од баражот за Премиер лига кој го доби Саутемптон 1-0, член на стручниот штаб на Саутемптон Вилијам Солт скриен зад едно дрво го снимал тренингот на Мидлзборо.

Го фатиле, бил пријавен и се отворила истрага. Саутемптон се пласираше во финалето на бараж закажано за 23-ти мај против Хал за пласман во Премиер лига. Овој натпревар е наречен и најскап натпревар на светот затоа што победникот освен влез во Премиер лига, добива и околу 100 милиони фунти.

Снимањето тренинг на противничка екипа во Англија е строго забрането, особено што е и на приватен туѓ имот каде лицето било фатено:

20 мај 2026 - 09:29