Мартинез е легендарна будалетинка без загубено финале, со скршен прст бранел

Го нарекуваат луд, откачен и без памет, но Емилиано Мартинез е всушност класа голман кој не знае што е тоа пораз во финале.

ФА Куп против Арсенал и Комјунити Шилд против Ливерпул 2020, Копа Америка против Бразил 2021, Финалисима против Италија и Светско против Франција 2022, Копа Америка против Колумбија 2024 и синоќа Лига Евроопа против Фрајбург.

Седум победи во седум финалиња за аргентиската легенда и тоа во период од шест години. Има многу играчи и клубови на кои малер им се финалињата, но Мартинез гази. 

И тоа со скршен прст бранел синоќа во Истанбул и успеа да остане несовладан во финалето (3:0), за прв европски трофеј на Астон Вила после 44 години и воопшто прв после 30 години.

„Денес си го скршив прстот за време на загревањето и за мене, секое лошо носи нешто добро. Го правев ова целиот мој живот и ќе продолжам да го правам. Дали треба да се грижам? Па, никогаш порано не сум имал скршен прст. Секој пат кога ја фаќав топката, одеше во спротивна насока. Но, ова се работи низ кои мора да поминете, а јас сум горд што бранам за Астон Вила.“

21 мај 2026 - 11:09