Лига Европа е турнир на Унаи Емери. Звучи како факт, како дел од фолклор.
Сè почна со неверојатниот хет-трик со Севиља! Во 2014-та година Андалузијците со младиот Емери на клупата ги поминуваа по ред Марибор, Бетис, Порто, Валенсија а во финале и големата Бенфика на пенали.
Вака изгледаше Емери кога првпат ја освои Лига Европа:

Во следната 2015-та уште еден пехар од Лига Европа за Севиља која имаше тежок пат. На 9 натпревари ги елиминираше Менхенгладбах, Виљареал, Зенит, Фиорентина и Днепропетровск.
Втора титула во ЛЕ за Емери со Севиља:

Во 2016-та Севиља стигна до финалето помирно од претходно година, а таму ги чекаше силниот Ливерпул на Јирген Клоп. Црвените поведоа со голот на Даниел Стариџ но Севиља во одговор постигна три гола и го освои третиот пехар по ред!

После пет години разни фудбалски авантури, Унаи Емери повторно му се врати на својот омилен турнир. Во Лига Европа сега славеше со Виљареал, во сезоната 2021/2022 „жолтата подморница“ најпрвин му се одмазди на Арсенал за болната елиминација во полуфинале на Лига на шампиони во далечната 2004, а потоа во финале се справи и со Манчестер Јунајтед на Мурињо, на пенали.
Четврта титула во Лига Европа за Баскиецот!

И кога сите мислеа дека Емери го затворил циклусот, тој синоќа, на 20-ти мај освои нов пехар, рекорден петти во Лига Европа.
Со Астон Вила го победи Фрајбург 3-0 во Истанбул на „Водафон Арената“ на Бешикташ со два прекрасни гола.
Унаи Емери и досега беше рекордер но сега е апсолутен рекордер по број на пехари во Лига Европа. Веќе треба да се даде предлог ова натпреварување или пехарот за победникот да се преименува во „Др. Унаи Емери“.


