Откако Сан Антонио Спарс поведе на гости во серијата против шампионот Оклахома Сити Тандер, сега и Њујорк Никс отвори со победа.
Никс по „метлата“ против Филаделфија која ја расчистија во претходната рунда, имаа многу време за одмор но тоа што не играа 9 дена ниту еден натпревар не ги исфрли од натпреварувачки ритам. Напротив.
Пред своите гледачи во преполн „Медисон Сквер Гарден“ Никс славеа против незгодниот Кливленд Кавалирс иако во еден момент имаа негатива од дури -22 поени на почетокот на четврта четвртина.
Џејлен Брансон покажа зошто е лидер и зошто е еден од најдобрите играчи на светот. Постигна дури 38 поени, со 5 скока и 6 асистенции. Покрај Брансон кој беше МВП на таканаречениот НБА Куп кој Никс го освои пред крајот на 2025-та година, ги одведе своите до важен триумф на старт на серијата во финалето на Истокот.
Натпреварот се реши во последните 7 минути кога Никси уфрлија дури 30 поени а Кливленд Кавалирс само 8 поени. Ако се погледне малку подолго времето може да се забележи серијата на Њујорк Никс од 44:11!
Покрај Брансон со 38 поени, ефикасни беа уште и Микал Бриџис со 18 поени со 5 скока и 1 асистенција. Џош Харт додаде 13 поени и 7 скока, Ануноби 13 поени со 5 скока а Карл-Ентони Таунс стигна до дабл-дабл учинок со 13 поени и 13 скока.
Кај Кливленд Кавалирс Донован Мичел постигна 29 поени, Еван Мобли стигна до 15 поени со 14 скока, Џејмс Харден беше просечен со 15 поени и за него невообичаено малку 3 асистенции. Сам Мерил запиша 12 поени а Џерет Ален и Дин Вејд имаа по 10 поени кај гостите.