Во составот кој селекторот на Англија Томас Тухел го прочита во четвртокот, има фудбалери од 16 клубови и таква шареноликост нема во репрезентацијата на Англија уште од далечната 1962-ра. Тогаш, пред 64 години биле повикани фудбалери од 17 различни клубови.
Големи потреси во англискиот печат предизвика одлуката на селекторот Тухел (прв германски тренер на клупа на Англија) да не ги повика ведетите Фил Фоден (Манчестер Сити), Кол Палмер (Челси) кои беа најдобар играч и најдобар млад играч во Премиер лига за сезоната 2023/2024.
Тухел притоа не ги повика ниту Хари Мегваер чија мајка со него бурно реагираа на списокот, не е викнат ниту Трент Александар-Арнолд кој имаше слаба сезона во Реал Мадрид.
Повратници во Гордиот албион се напаѓачите Маркус Рашфорд и Ајван Тони. Тука се стандардните Хари Кејн, Џуд Белингем, Букајо Сака, Еберечи Езе, Џон Стонс и други.
Целиот состав тука
