Прв европски трофеј за Кристал Палас по супер финалето со Рајо Ваљекано

Фудбалерите на Кристал Палас го освоија пехарот во Конференциска лига откако го совладаа шпански Рајо Ваљекано 1-0 на преполниот стадион во Лајпциг.

Ова е прв трофеј за Кристал Палас во историјата а исто така англискиот фудбал следната сезона ќе има дури девет претставници во еврокуповите што е историски рекорд за една нација.

Притоа премиерлигашите би можеле да направат неверојатна „триплета“ со дури три евро пехари сезонава. Прво Астон Вила ја освои Лига Европа пред неколку дена, па сега Кристал Палас освои Лига на конференции и се чека финалето на Лига на шампиони меѓу ПСЖ и Арсенал.

Во Лајпциг екипата предводена од Оливер Глазнер славеше со голот на Матета во 51' минута и тоа беше доволно за прв историски европски пехар.

Неверојатно звучи и фактот дека Кристал Палас во 120 години немаше ниту еден трофеј а сега за само 12 месеци под водство на германскиот тренер Оливер Гласнер освои дури 3! Го кренаа пехарот во ФА Купот откако со гол на Еберечи Езе го совладаа силниот Манчестер Сити со 1-0. Потоа на стартот на оваа сезона го совладаа Ливерпул на пенали во Комјунити Шилд откако во основен дел резултатот беше 2-2.

И сега во финале на Конференциска Лига со 1-0 го победија Рајо Ваљекано за прв европски пехар во историјата на Палас.

Рајо Ваљекано, симпатичниот клуб од предградието на Мадрид, кој важи за упориште на анархичките и левичарски движења уште од времето, се обиде да израмни до крајот на финалето но на крај се задоволи со вицешампионско одличје.

 

28 мај 2026 - 08:55