Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
На денешен ден пред 27 години на стадионот „Хејсел" во Брисел загинаа 39 навивачи пред одигрувањето на финалето од Купот на европските шампиони помеѓу Јувентус и Ливерпул.
За денес имаме една тешка задача. Треба да ја најдете топката на сликата, а главната награда е 2 билета за следниот натпревар помеѓу Куратица и Дебрца.
Полска подготви 350 судии кои на самите стадиони ќе им пресудат на хулиганите и ќе ги пратат во еден од затворите каде за потребите на Европското првенство беа направени големи разместувања на затвореници и се ослободија 600 места.
Започна двонеделниот спектакл во Париз. Најголемите светски тенисерски имиња до 10 јуни ќе се борат за титулата од Ролан Гарос и поделбата на паричниот фонд кој годинава изнесува скоро 19 милиони долари.
На последниот натпревар на Гвардиола со Барселона, Лионел Меси го постигна својот 73-ти гол оваа сезона при победата над Атлетико Билбао во шпанскиот куп. Освен што постигнуваше, тој беше асистент на 28 гола. Погледнете ги сите негови 101 голови и асистенции оваа сезона.
Новиот европски ракометен шампион е непобедливиот бундеслигаш Кил откако на завршницата од финалниот турнир го порази Атлетико Мадрид чиј член е капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров.
Фудбалскиот видео портал 101greatgoals.com направи компилација од најдобрите 101 голови во сезоната 2011/12. Погледнете ги головите и учествувајте во изборот за најдобар гол на сезоната.
На финалето од канадскиот плејоф, Дејвидсон од екипата на Ванкувер одглуми дека имал дуел со Мајк Тајсон откако фудбалерот на Торонто, Де Гузман само го погали по образ.
Селекторот Џон Тошак изненади многумина кога го соопшти списокот на репрезентативци, но тие уште повеќе пријатно изненадија со храбрата и дисциплинирана игра и ремизираа со фаворизираната Португалија.
Организаторите на Европското првенство немаат раат од топлес активистките од организацијата „Фемен" кои по трет пат го нападнаа пехарот кој им се врачува на победниците.
На врвот на листата на спортисти со најголем маркетинг потенција не се Бекам, Меси, Роналдо, Леброн Џејмс или Новак Ѓоковиќ, туку најпосакуван спортист како бренд е младиот Бразилец Нејмар.