Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
НБА ги објави најдобрите петорки во лигата за сезоната 2011/12 кои беа одредени со гласање на спортските новинари. Во првата петорка се наоѓаат Џејмс, Дурент, Брајант, Хауард и Пол.
За време на Европското првенство освен добар фудбал ќе имаме и огромна понуда на стандардни, но и невообичаени кладби во обложувалниците каде можете да вложите пари на тоа дали Грција прво ќе испадне од ЕУРО 2012 или Еврозоната?
Ниту еден грчки медиум не се осмели да ги прикаже снимките од Перо Антиќ кој даваше изјави со македонското знаме на себе. Во изјава за српскиот канал Спорт Клуб, капитенот на кошаркарската репрезентација го посвети освоениот трофеј од Евролигата на цела Македонија и потврди дека бил приморан да каже „ФИРОМ“ во телевизиските најави пред натпреварите.
Во сезоната 2011/12 се изнагледавме прекрасни голови, но и многу големи промашувања. Погледнете ги видеата од неколкуте најголеми промашувања во европските лиги и пишете ни го вашиот фаворит или некој друг предлог „утка" во коментарите.
Атмосферата на дуелите помеѓу Мајами и Индијана дојде до точка на вриење и на вчерашниот натпревар беа досудени три намерни лични грешки за груби фаули.
Се исполни сонот на аматерски фудбалер од Зимбабве кој до минатата година дома сам си го перел дресот играјќи за клуб од петтата лига, а оваа сезона стигна до англискиот Чемпионшип.
Либанецот Мохамед Гадар даде еден гол во финалето на малезискиот куп и си помисли дека е Нејмар. Зборот „смешно" е премалку за да се опише неговиот обид.
Група фудбалски аналитичари направија истражување кое најверојатно тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес го немал прочитано, па затоа Петр Чех им ги „прочита" пеналите на финалето од Лигата на шампиони.
Да се разбереме, гајле ми за Челси, ама дедо ми не се акаше по планина за да можам ја за Швабо денес да навијам. А башка и нема ништо послатко у спорт од тоа да ги гледаш германците како губат. Свечено одлучив дека за пола ден сум фан на Челси... пут под ноге накај стадион...
Екипата составена од ветераните на филипинската лига изведоа одлична „Трилер" кореографија во стилот на Мајкл Џексон пред почетокот на нивниот ол стар натпревар.
Оклахома Сити Тандер ги елиминираа ЛА Лејкерси и се пласираа во финалето на Западот. Најзаслужен за пресвртот во третата четвртина беше Расел Вестбрук по што домаќините фуриозно продолжија и на крајот победија со 106:90.
Германските медиуми и навивачите на Баерн Минхен се уште не можат да се помират со фактот дека го загубија финалето, па сега го обвинуваат Анатолиј Тимошчук дека им донел малер затоа што пред натпреварот го допрел трофејот.
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини го потврди својот став со кој тој се спротиставува на воведување на нови технологии во фудбалот и се надева дека Блатер ќе го промени своето мислење.
Полска и Украина се подготвени да ги пречекаат навивачите, а најмногу на ова Европско првенство му се израдуваа препродавачите на влезници, угостителите и проститутките. Тапкарошите нудат „гратис“ билет за 1.480 евра.
На Европското првенство ќе се води војна на терените, но Кинезите малку претерале со нивната реклама во која Биг Бен, Ајфеловата кула и Колосеумот во Рим се бомбардирани, а војници пукаат во фудбалери за време на натпревар.