Кариера како на филм

Се исполни сонот на аматерски фудбалер од Зимбабве кој до минатата година дома сам си го перел дресот играјќи за клуб од петтата лига, а оваа сезона стигна до англискиот Чемпионшип.

26-годишниот Бредли Причард додека студирал во Англија во слободното време играл аматерски фудбал за нисколигашки екипи, а по завршувањето на факултетот почнал да бара работа и праќал ЦВ-а до компании.

Играјќи за петтолигашот Хејс енд Јидинг, тој волонтирал како статистички аналитичар во Чарлтон и се запознал со скаутите од овој тим кои кога слушнале дека аматерот од Зимбабве кој игра во средниот ред постигнал 14 гола на 46 натпревари, веднаш го поканиле на проба во Чарлтон.

Причард ги воодушевил тренерите на Чарлтон и го потпишал својот прв професионален договор. Оваа сезона тој одигра 25 натпревари и беше еден од клучните фудбалери за пласманот на Чарлтон во англискиот Чемпионшип (втора по ранг лига во Англија).

„Во минатото додека играв аматерски фудбал во пониските лиги, дома сам си го перев дресот и го сушев на радијаторот во кола на пат кон тренинг. Сега играм пред 26.000 навивачи", изјави Причард.

Неверојатна кариера како на филм на Бредли Причард доби ново продолжение откако пред неколку денови тој доби повик да настапи и за репрезентацијата на Зимбабве.

23 мај 2012 - 11:47