Леброн и Дурент ја предводат првата петорка на НБА

НБА ги објави најдобрите петорки во лигата за сезоната 2011/12 кои беа одредени со гласање на спортските новинари. Во првата петорка се наоѓаат Џејмс, Дурент, Брајант, Хауард и Пол.

Составите на најдобрите три петорки во НБА лигата беа одредени од страна на 120 спортски новинари кои гласаа со по 5, 3 и 1 поен.

Најмногу поени (596) доби трикратниот МВП на лигата, Леброн Џејмс и тој по шести се најде во најдобрата петорка на НБА лигата. Зад него се најде најдобриот стрелец во лигата, Кевин Дурент со 591 поен, а по седми пат по ред или десетти пат вкупно, во најдобрата петорка се најде Коби Брајант со 568 поени.

Десет пати во најдобрата петорка на лигата во својата кариера покрај Брајант се избирани и Карем Абдул-Џабар, Елџин Бејлор, Боб Коузи, Мајкл Џордан, Боб Петит и Џери Вест, а најмногу, 11 пати бил избран Карл Малоун.

Најдобрата петорка во НБА лигата за сезоната 2011/12 ја комплетираат најдобриот скокач Двајт Хауард и Крис Пол.

Втората петорка ја сочинуваат Тони Паркер, Расел Вестбрук, Кевин Лав, Блејк Грифин и Ендру Бајнам. Во третата петорка се наоѓаат Ражон Рондо, Двејн Вејд, Камело Ентони, Дирк Новицки и Тајсон Чендлер.

25 мај 2012 - 08:04