Мајами Хит е на чекор до финалето во источната конференција откако со победата над Индијана од 115:83 поведе со 3:2.
Нивниот петти дуел изобилуваше со груба игра по што беа досудени три намерни лични грешки, а можеше да има и по некое исклучување.
Најпрво Тајлер Хенсбро го фаулираше Двејн Вејд
потоа Удонис Хаслем му се одмазди на Хенсбро
и на крајот Декстер Питмен го удри Ленс Стивенсон со лакт.
Што ли ќе се случи на шестиот натпревар?