Иниеста со најдобар гол во Лигата на шампиони

Оваа сезона се изнагледавме убави голови во Лигата на шампиони, но според УЕФА, најубав е голот на Андрес Иниеста против Викторија Плзен.

Според официјалната емисија на УЕФА посветена на Лигата на шампиони, голот на Андрес Иниеста против Викторија Плзен во третото коло од групната фаза е најубав гол за оваа сезона.

Мајсторијата на Иниеста по двојното додавање со Меси освои најмногу гласови од жирито на УЕФА, а на второто место се најде Кевин-Принс Боатенг од Милан со неговиот гол против Барселона.

Tоп 10 голови:
10. Грегори ван дер Виел (Ајакс против Динамо Загреб)
9. Зоран Тошиќ (ЦСКА - Реал Мадрид)
8. Кристијано Роналдо (Реал Мадрид - АПОЕЛ)
7. Раул Меирелеш (Челс - Бенфика)
6. Хулк (Порто - Шахтар)
5. Рамирес (Челси - Барселона)
4. Иван Перишиќ (Дортмунд - Арсенал)
3. Валбуена (Дортмунд - Марсеј)
2. Боатенг (Милан - Барселона)
1. Андрес Иниеста (Барселона - Плзен)

21 мај 2012 - 09:55