Стејплс центарот е дом на три екипи од Лос Анџелес: хокеј тимот Кингс и кошаркарските екипи на Клиперс и Лејкерс, па вработените деновиве беа на големи маки откако од четвртокот до неделата во оваа сала требаше да се одиграат шест натпревари.
Трансформацијата од хокеј во кошаркарски терен трае околу два часа, а работата вклучува вадење на 117 табли плексиглас и поставување на 520 изолациони подлоги. Врз нив се поставуваат 233 плочи паркет и се додаваат 1.800 седишта, а црно-белите бои на хокеј тимот се менуваат со боите на кошаркарските екипи.
Најверојатно на кошаркарите на Лејкерс и Клиперс им паднало жал за работниците во Стејплс центарот и им ги скратија маките со тоа што беа елиминирани од НБА плејофот.