Грците го бојкотираа Антиќ со македонското знаме

Ниту еден грчки медиум не се осмели да ги прикаже снимките од Перо Антиќ кој даваше изјави со македонското знаме на себе. Во изјава за српскиот канал Спорт Клуб, капитенот на кошаркарската репрезентација го посвети освоениот трофеј од Евролигата на цела Македонија и потврди дека бил приморан да каже „ФИРОМ“ во телевизиските најави пред натпреварите.

По финалниот натпревар Перо Антиќ гордо даваше изјави со македонското знаме, но грчките медиуми и натаму избегнуваат да ги прикажат овие снимки.

На следната снимка се забележува Антиќ со македонското знаме како го напушта делот од арената каде што новинарите им земаат изјави на кошаркарите по натпреварот, но ниту еден медиум не објави снимка со неговите изјави.

А следната слика е доказ дека постојат такви снимки кои Грците не ги прикажуваат:

24 мај 2012 - 13:24