Екипите на Севастопол и Металург Запорожје го играа одлучувачкиот меѓусебен дуел за пласман во украинската прва лига и на 15 минути до крајот домаќините поведоа со 2:1.
Победничкиот гол на Сергеј Кузнецов беше копија на „Божјата рака" на Марадона, но протестите на гостинските фудбалери беа залудни и овој гол беше признат.
Македонскиот интернационалец Бесарт Ибраими го преседе натпреварот на клупата на Севастопол.