Од самите почетоци на Ролан Гарос, вториот од четирите годинашни грен слем турнири со својата богата историја се вбројува во врвните светски спортски настани.
Неколку интересни факти за историјата на отвореното првенство на Франција:
Стадионот Ролан Гарос го добил по француски национален херој кој го направил првиот лет преку Медитеранот и во текот на Првата светска војна соборил пет непријателски авиони. Тој загинал во 1918-та година.
Целиот комплекс се простира на 85 квадратни километри и содржи 20 тениски терени (три стадиони), комплекс за сместување на тенисерите, музеј, ресторани...
Централниот терен е изграден во 1928-та година и има капацитет од 14.480 гледачи.
Отвореното првенство на Франција датира од 1891-та година како франуско првенство. Од 1897-та година им било дозволено учество и на жени, а од 1925-та година првенството добива интернационален карактер.
Пехарот кој го добива победникот во машка конкуренција тежи 21 килограм го носи името "La Coupe des Mousquetaires" (трофеј на Мускетарите). Тој го добил името по четворицата француски тенисери кои во 1927-та година го освоиле Дејвис купот.
Рекордни 429.105 посетители го проследиле првенството во 2011-та година, а оваа се очекува повторно да се собори рекордот.
Вкупниот награден фонд за 2012-та година изнесува 18.718.000 долари. Победникот во машка конкуренција добива 1.25 милиони долари, а никој нема да си замине со празни раце. Дури и елиминираните во првото квалификациско коло ќе добијат по 2.500 долари.
Рекордери на првенството се Бјорн Борг и актуелниот освојувач Рафаел Надал со по шест титули.