
Почина боксерот кој беше подеднакво познат по своите титули, но и проблемите кои тој ги имаше со законите.
Џони Тапиа беше петкратен светски првак во три различни категории. Во својата кариера тој забележа 58 победи (30 нокаути), пет неодлучени борби и само два порази.
Неговата мајка била убиена кога тој имал само осум години и тој бил израснат од баба му, а бокс почнал да тренира уште во деветата година. 168-сантиметри високиот Тапиа беше познат по своите тетоважи, но и проблемите со кокаинот и алкохолот.
Во 90-те години тој заработи суспензија од три и пол години заради неговата зависност од кокаин, а во 2007-та година тој беше хоспитализиран откако се предозирал.
Тапиа утрово бил пронајден мртов во неговиот стан во Албакерки.