Нејмар има најголем маркетинг потенцијал

На врвот на листата на спортисти со најголем маркетинг потенција не се Бекам, Меси, Роналдо, Леброн Џејмс или Новак Ѓоковиќ, туку најпосакуван спортист како бренд е младиот Бразилец Нејмар.

Дејвид Бекам во моментов е спортистот што најмногу заработува надвор од терените, но неговиот примат во иднина се очекува да го превземе Нејмар.

Аналитичарите од SportsPro трета година по ред го пресметуваат маркетинг потенцијалот кај спортистите и оваа година на врвот на нивната листа изненадувачки се најде најголемата идна ѕвезда на бразилскиот фудбал.

Оваа нивна листа се базира на маркетинг потенцијалот кој спортистите го имаат за следните три години, а спортистите се рангирани според нивната вредност, возраст, големина на домашен пазар и харизма.

Според SportsPro, Нејмар го заслужил првото место затоа што тој веќе е најголема ѕвезда во Бразил и има огромни спонзорски договори со Најк и Панасоник, се очекува да блесне на Олимписките игри ова лето, а во 2014-та година тој ќе биде најголема ѕвезда на Светското првенство кое ќе се одржи во неговата земја.

На второто место е уште едно изненадувачко место. На оваа листа зад нејмар се наоѓа голферот Рори Мекилрој. Трет е Лионел Меси, а зад него се Усеин Болт и Кристијано Роналдо.

На шестата позиција е кошаркарот Блејк Грифин, следат тенисерот Новак Ѓоковиќ, Формула 1 возачот Себастијан Фетел, рагбистот Тим Тибоу, а највисоко рангирана жена е голферката Јани Ценг од Тајван на десетата позиција.

Минатата година на првата позиција беше Усеин Болт, а во 2010-та на врвот на оваа листа беше Леброн Џејмс.

25 мај 2012 - 12:18