Пред точно 365 дена, во агонија ја проследив онаа утакмица против Скопје кога и дефинитивно умре надежта за спасување и опстанок. Никад нема да му заборавам на Калц како се ситеше и слинавеше на нашето испаѓање. Ама ете....како Господ никој, па дојде време и ние да им се смееме на оние што ликуваа над нашата пропаст.
Додуше за делот со испаѓањето одамна ја поставив тезата дека Вардар не може, а и не смее да испадне од Првата Лига. Причините се едноставни, а главниот факт е дека во Македонија без Вардар не постои фудбал! И со оваа изјава уопште не сакам да бидам арогантен или препотентен, него да отсликам што уствари претставува овој клуб за македонскиот фудбал.
Да не заборавиме дека кога Вардар играше Европски Купови во 60тите години од прошлиот век против Данфермлајн, добар дел од денешните прволигаши не постоеа, а и тие што постоеа играа во општински, републички или не знам ти какви лиги. Да не зборавиме дека Вардар во 1987ма година освои шампионска титула во еден систем на такмичење за кој сегашнава прва лига е една обична смешка. Да не заборавиме дека Вардар никогаш не бил само обичен фудбалски клуб. Тој е клубот кој во едни други времење ја претставуваше ни повеќе ни помалку целата наша држава, клуб кој имаше навивачи у секоја македонска вукојебина и клуб кој го движеше целокупниот спорт во Македонија. Ако денеска стапнеш у било кое село на просторите на бившата ни земја, Вардар е името со кое ќе му објасниш на твојот домаќин од каде доаѓаш! Трибините на градскиот стадион во Скопје беа местото каде се роди идејата за независноста на Македонија и на тие трибини се негуваа идеалите на две генерации Илинденци. Една навивачка група на една кошаркарска утакмица истакна парола дека нивниот клуб е срцето на Скопје...Се заебаа. Скопје има само едно срце, а тоа е црвено и црно. Ете баш затоа Вардар никогаш нема да испадне.
Да се разбереме, се слагам дека административното играње на Вардар во Првата МФЛ не е најисправно од морален аспект! Али у земја каде што системот функционира, лигата е озбилна а фудбалскиот сојуз среден и поштен. Меѓутоа немојте да ми продавате морал у ситуација кога у фудбалот не зе знае кој пие, а кој плаќа и кога најголемите бандити седат у функционерски фотељи...патетично е. А у ствари и каде бевте вие душебрижници на Вардар 15 години кога сите лешинари покушаваа да го исцедат и кога секој селски моќник се обидуваше да го уништи најголемиот клуб во земјава? Тогаш задоволно триевте руки и се ситевте на бавната Вардарова смрт. Тогаш ве немаше да продавате муда за бубрези околу моралната исправност на некои работи? Епа тишина сега...Дојде време и ние да застанеме одпозади!
Вардар својата титула оваа сезона ја освои на терен. Неочекувано, нефаворизиран, без никави очекувања влезе титанот во борба за својата чест и зачувување на традицијата која е градена и пред 1947ма преку легенданрниот ФК Македонија како предвесник на скопскиот гигант. Ниеден од директните конкуренти на Вардар не успеа да го совлада во директен дуел (освен Шкендија во безначаен меч) а Вардар после 95та година и легендарниот Саша Ќириќ повторно го има најдобриот стрелец во лигата во името на Филип Ивановски. Титулата е апсолутно заслужена, низ 33 кола, во кои никој не успеа ниту да дојде блиску до надигрување на Вардар. Како феникс од сопствената пепел се издигна црвено црниот титан за да го завземе единственото место кое го заслужува....шампионското.
Армијата црвено црни навивачи после долги години, во сезоната која следи ќе дочека европски противник на Вардар. Клубот кој во 87ма се спротистави на легендарниот шампионски состав на Порто, клубот кој во 2003та ја легна џиновскта ЦСКА Москва на колена, повторно ќе се обиде да земе скалп на далеку пореномирани противници. Ако сме реални, за да Вардар биде конкурентен на тоа поле, ќе требаат многу квалитетни појачања. Вардар тоа го заслужува...а ние, ние кои го следиме ни останува да се надеваме дека црните години кои се зад нас нема да се повторат. Вардар тоа не го залужува!
Од стара слават викаат не се живее. Ама јас баш од таа причина одамна го одбрав Вардар и тоа воопшто не се обидувам да го скријам! Го одбрав заради тоа што е единствен клуб на светот кој во своите бои додава црно од жал за својот разрушен град. Го одбрав заради легендите како Илеш Шпиц (фудбалски Бог), Кирил Симоновски Џина, Кочо Димитровски, Мето Спасовски, Васил Рингов, Илија Најдовски, Дарко Панчев, Саша Ќириќ, Андон Дончевски, Александар Васовски, Рожерио Оливеира. Го одбрав заради Данди Јунајтед, Динамо Букурешт, Порто, Бекешчаба, ЦСКА Москва, Спарта Прага. Го одбрав заради вкупниот пораз од 0:9 од Легиа Варшава. Го одбрав заради Терје Хауге (маме му ебам педерско). Го одбрав заради легендарните плави дресови на гости. Го одбрав заради утакмиците со Раднички Ниш. Го одбрав заради тоа што после секоја утакмица со Приштина можеше слободно да се крадат сладоледи од Зуко. Го одбрав заради Виолета Томовска. Го одбрав заради пуштањето голуби пред секоја утакмица. Го одбрав заради Момчило Грошев. Го одбрав заради голот на Жанко Савов во првото финале на куп на независна Македонија против Пелистер. Го одбрав заради голот на Бабунски од пенал за победат против европскиот шампион.... Едноставно го одбрав заради вредностите кои ги претставува и во кои со цело срце верувам.
Зашто вие го одбравте? Тоа би сакал да го чујам во коментари!
Поминаа 9 црни години. Да не се повторат. Додека гордо се навраќаме на нашите славни денови, да погледнеме со надеж и во шампионската иднина која следи. Ова се наши денови. Ова е црвено црниот свет. НАПРЕД ВАРДАР!