Offside

Фудбалот е секогаш многу повеќе од она што се случува на теренот. За некого соништата почнуваат надвор од него.

Германците рушат рекорди во гледаност

Германската фудбалска федерација објави дека за финалниот натпревар од германскиот куп помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд само до сега пристигнале барања за 328.000 влезници.

Хулигани фатени во тесно

Навивачите се млатат на стадион, пред стадион, на улица... а немаат проблем да се скршат од мавање и на ескаларот во метро.

Кој фали нека се јави!

Арно прават класните кога се оди на екскурзија и ќе побараат од учениците да проверат да не фали другарчето до нив. Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, заборавил тоа да го направи.

Барселона го стига ранетиот Реал Мадрид

На последните две одиграни кола во шпанската Примера, за 4 дена Реал Мадрид прокоцка 4 поени и сега предноста во однос на Барселона се стопи од 10 на 6 поени. Мурињо, Роналдо и останата компанија како сами да си пукаа во нога.

Рефлекс на мртов коњ

Кошаркаров може да биде победник во повеќе категории. Најидиотска закаснета реакција, најлоша глума, најлошо паѓање...

Антиќ го победи Мекејлеб

Перо Антиќ го доби првиот дуел на македонските претставници во Евролигата. Со голем пресврт во последната четвртина, Олимпијакос славеше на гостувањето кај Монтепаски Сиена на Лестер Бо Мекејлеб и направи голем чекор кон пласманот на фајнал фор турнирот во Истанбул.

Роналдо е дрво за слободни удари

Кристијано Роналдо од Реал Мадрид е прогласен за најлош изведувач на слободни удари во Европа. Тој не погодил во ниту еден од 37 обиди оваа сезона.

Дакар 2013 од Пацификот низ Перу, Аргентина и Чиле

34-то издание на релито Дакар за разлика од минатите години во 2013-та ќе започне на 5 јануари на брегот на Пацификот и ќе се вози околу 8.000 километри низ Перу, Аргентина и Чиле.

Дете касап

Момент од натпревар во Хонг Конг во категорија за деца до 12 години. Касапчево има 10 години и се гледа дека ќе биде вистински наследник на Пепе.

Сите рекорди во ски скокови

Од скокот на Бјорн Виркола кој во 1966-та година со даски на нозете скокнал 146 метри, па се до 246,5 метри на Јохан Ремен Евенсен во 2011-та. Сите светски рекорди во ски скокови во еден клип.

Ќе се појави ли НЛО на отворањето на ОИ во Лондон?

Целиот свет е луд по кладење, но во тоа се истакнуваат Британците. За нив е мала понудата од спортските натпревари, па кладилниците им нудат да стават пари и на специјални кладби како на пример дали за време на церемонијата за отворањето на Олимписките Игри во Лондон ќе се појави НЛО.

Голмански автогол на годината

Се сеќавате на поранешниот голман на англиската репрезентација, Дејвид Џејмс и неговите воздушни дуели?

Финалето на ЛШ 2014 во Лисабон

На седницата на извршниот одбор на УЕФА беше донесена одлука финалето на Лигата на шампиони во 2014-та година да се одигра во Лисабон.

Финалистот Јувентус веќе не е непобедлив

Екипата на Милан му го нанесе првиот пораз по регуларни 90 минути на Јувентус оваа сезона, но „бјанконерите" по продолженија изборија пласман во финалето на италијанскиот куп.

Меси е најдобар стрелец во историјата на Барселона

153 голови во шпанската Примера, 19 во купот, 49 во Лигата на шампиони, 9 во шпанскиот Суперкуп, 1 во Суперкупот на Европа и 4 на Светските клупски првенства. Вкупно 234 голови во дресот на Барселона. Тоа е Лионел Меси.

Вокер го продаде шампионскиот прстен заради долгови

Ентоан Вокер беше приморан заради долгови да го продаде шампионскиот прстен од НБА лигата кој во 2006-та година го освои во дресот на Мајами Хит.

Вака се почнува хокеј натпревар

Убаво си кажал комичарот Родни Денџерфилд: „Вчера бев да гледам бокс и изби хокеј натпревар".

Има ли Барселона шанса за пресврт?

На 11 кола пред крајот на шпанската Примера, предноста на Реал Мадрид пред второпласираната Барселона се намали на 8 поени. Има ли шанси актуелниот шампион да изведе чудесен пресврт и да ја одбрани титулата?

Гратиси за кошаркарскиот Куп на Македонија

Off.net.mk и Offside во соработка со КК Торус СЦБТ, доделува карти за финалето на Купот.

Меси и Мурињо заработуваат најмногу

Аргентинецот Лионел Меси не само што е најдобар, туку тој е и најдобро платен фудбалер на планетата. Жозе Мурињо заработува најмногу помеѓу тренерите.

Работнички не го дава лесно трофејот

Во пресрет на Купот на Македонија кој од четврток до недела ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски", денес се одржа прес-конференција на која присуствуваа тренерите на екипите учесници.

Барселона вмешана во криумчарење оружје

Бидејќи на сајтов немаме „немојдамејебеш" категорија, оваа вест ќе ја ставиме под фудбал. ТВ станица од Сирија тврди дека Барселона е вклучена во ланец за криумчарење на оружје.