Симона Маринова убедливо последна

На шесттиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Лондон настапи и нашата втора натпреварувачка, пливачката Симона Маринова која на трката на 800 метри слободно заврши на последното место.

Пливачката Симона Маринова настапи во првата од петте квалификациски групи на 800 метри слободно со второ најслабо пријавено време од 36-те натпреварувачки.

Таа ја исплива патеката со време 9:28.41 минути и заостана пет секунди од пливачката Ван ден Берг од Аруба која имаше за 10 секунди послабо пријавено време. Првопласираната во оваа група, Аревало од Еквадор исплива со време 8:49.21 минути.

Маринова не само што не успеа да го подобри нејзиното најдобро време кое изнесува 8:52.33 минути, туку и заостана за 42 секунди зад македонскиот рекорд на Мирјана Бошевска од 2002-та година кој изнесува 8:46.39 минути.

2 август 2012 - 11:33