Фелпс му се раваншираше на Лохти

Мајкл Фелпс триумфираше на трката на 200 метри мешано и го освои својот 16-ти златен медал и вкуно 20-ти на Олимписките игри. Спортистите од САД денес освоија вкупно шест, а по четирите денови пост, на Британците им тргна и по вчерашните две, денес освоија нови три злата.

Рајан Лохти успеа да го победи Мајкл Фелпс на 400 метри мешано, дисциплината во која Фелпс го држи светскиот рекорд, но денес најтрофејниот олимпиец му се реваншираше во неговата дисциплина, односно го совлада на 200 метри мешано, дисциплината каде што светскиот рекорд го поседува токму Лохти.

Фелпс исплива 1:54.27 минути, а Лохти заостана со време 1:54.90. На третата позиција заврши Унгарецот Ласло Чех.

Пливачката Ребека Сони по втор пат во два дена успеа да го подобри светскиот рекорд на 200 метри градно. Прв пат го сруши вчера во полуфиналето, а денес уште еднаш го подобри, пливајќи 2:19.59 минути. Среброто и припадна на Сузуки од Јапонија, а Јефимова од Русија ја освои бронзата.

Ова дефинитивно беше ден на Американците на Олимписките игри во Лондон. Тие денес освоија вкупно шест златни медали, а им тргна и на Британците кои освоија три злата.

Британскиот тим во велосипедизам постави нов светски рекорд во спринт. Најдоброто време на светот сега изнесува 42.600 секунди.

Број на медали:
1. Кина - 18 зл. 11 ср. 5 бр. - вкупно 34
2. САД - 18, 9, 10 - 37
3. Ј.Кореја - 7, 2, 5 - 14
4. Франција - 6, 4, 6 - 16
5. В.Британија - 5, 6, 4 - 15

2 август 2012 - 22:14